распрашува (несв.)
За жал имам лоша навика па никогаш не се распрашувам за дечковците или другарките пред да се втурам во врска со нив.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Жените и мажите го чекаа пред порти или го пресретнуваа на улица распрашувајќи се преплашени и жалејќи го деда Бошка што го снашло вакво зло.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Старецот весело ги распрашуваше за сето време, им прикажуваше за работата на младинците, кои што работеа блиску до неговото село и ги закачаше дека ако не станат ударници веднаш ќе ги симне од колата, за да продолжат пеш по јулскиот пек.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Тие од второто биро се распрашуваа кој го рекол тоа.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Се распрашува за сите свои ученици, сите ги поздравува...
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Имаше многу работи да распрашува таа ноќ.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Бојан често се распрашуваше кај деда си за имињата на околните места кои укажуваа на едно далечно минато, на поинакви времиња, а момчето сакаше да се нурне во тоа минато, да ја разоткрие и запознае и од таа страна својата сакана долина, но и дедо му даваше нејасни, колебливи одговори, што значеше дека многу работи и тој не ги знае.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Речиси немаше час да не го дигне од местото, да не го распрашува, да го тормози на секаков начин.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Се распрашувавме наоколу за твојата исхрана, читавме на Интернет и по книги.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Можеше да го распрашува цел ден без да добиеш ниту една вистинска информација.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Татко ти не се шегуваше туку најсериозно го распрашуваше Циган бидејќи тој бесрамен злосторник со часови знаеше да се притаи под некоја гранка на кралчето и стрпливо да ги дебне несреќните пилци.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Љубопитно се распрашуваат кои сме, им изгледаме туѓи за што првпат нѐ гледаат.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Се распрашува ли оној, твојон сѐ уште за мене?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Ако ги видат да седат, некој може да почне да ги распрашува што и како и во зборувањето нешто да згрешат.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Секогаш љубопитен и желен за нови сознанија ги распрашуваше твоите пациенти за многу работи и од нив учеше и собираше информации и знаења, за земјоделието, за ловот, за риболовот, за науката и што ли не друго.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Малку ја олабави работата, Пена почна да го фали слаткото и да ја распрашува дали сама го прави или го купува, а Танаско после секоја голтка од ракијата гласно офнува.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Старецот се распрашуваше за сѐ, богословот расправаше за сѐ весело наслушнувајќи се самиот себе:војната има сто очи запалени, и сто 'рбети железни, и сто усти гладни и крвави, па оди како стоногалка на нас, а господ светот го заборавил, му завртел грб - црвчиња сте вие, пијаничиња, туѓи жени задевате. Па штом е така, удрете.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Билјана стои, ги гледа цветовите и ми се чини за момент не знае што да прави: дали уште да се распрашува или да оди пак да бере.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Потоа, не распрашувајќи се, ги ослободиле шиите на воловите од животинските окови и ги потерале кон долот покриен со повеќебојно зеленило на грчави дрвца и секакви грмушки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
НЕДА: Таа за ништо не се распрашува и... и јас не би можела да поверувам дека би го сторила тоа против мене...
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)