регулатор (м.)
Така проведена низ зоната на релативизмот политичката креација неретко станува позитивен хуманистички регулатор на животот, уметноста обична глупост и ситна перверзија потполно непотребна и бескрајно бедна активност на човекот, а мудрувањето пак чудно тивко суицидно опстанување во ништожноста.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Ние сме регулатори на таа еволуција.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Цело време бев покрај тебе. ќе дотечеше една инфузија, го сопирав регулаторчето и ќе ти ја ставев другата.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Нам денеска ни е јасно, дека токму критичките процедури се оној метаконтролен регулатор, кој го перпетуира стариот систем, со тоа што му обезбедува непречен прилив на нова социјална енергија.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)