регулација (ж.)
Кога зборуваме за политика зборуваме за нешто многу ограничено, коешто всушност е регулација на национално рамниште.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Со овој закон дојде до значително поголема регулација на полето на вработувањето и работата на странците во споредба со дотогаш- важечкиот закон од 1978 година.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Јавниот простор постојано се произведува преку „дијалектика на вклученост и исклученост, ред и неред, рационалност и нерационалност, насилство и мирно несогласување“.84 Иако јавниот простор генерално се смета како помалку или повеќе отворен за јавно учество, тој не е ослободен од регулација.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
- Успешната мешавина од институционализирани и не-институционализирани начини на регулација овозможува понатамошно заклучување за социјално-психолошкиот праг на дразба и ги диференцира видовите на социјален инженеринг.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)