ретрограден (прид.)
Тие ретроградни процеси, тие обиди за спасување на еден монопол со друг, денес се одвиваат кај нас, и затоа моментно сме во слепа улица, бидејќи секој монопол е слепа улица, од неа нема друг пат, мора да се удри в ѕид.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Подемот на насловниот лик, преку напорна работа, саможртва и безљубовен втор брак, до богатство, гламур и висока општествена положба – заедно со придружните фрустрации, разочараност, расипување и виктимизација — се сведува на една мошне конзервативна, морализаторска приказна, а сексуалната политика на филмот е идентично ретроградна.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тие афекти се од едно време кога не биле ни замисливи никаков остварен геј-живот и некакво зрело сексуално постоење, а нивниот присушт архаичен карактер изразува ретроградна состојба на чувствување, како што и нивната истрајност во внатрешниот живот на возрасниот геј-маж го сигнализира неговиот понижувачки неуспех да еволуира над неа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)