решеност ж.

решеност (ж.)

Беше една мечка, што можеше да прими во своето огромно тело уште неколку негови зрна и да ја впие во себе сета нивна придушена бол, но беше и една погодена мечка, што можеше да чекори и да продолжи кон него со една не толку тврдоглава решеност, со сета крвава трага, што веќе ја оставаше по снегот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Македонските делегати од делот на Македонија под Грција ја искажале решеноста во заедничка борба со грчкиот народ да ја продолжат борбата за демократизација на Грција и признавањето на националните права на македонскиот народ и неговото право на самоопределување.292
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Решеноста во неговиот писок беше толку тврда, што во неговиот глас се извиваше и прашањето дали тој сега воопшто би отстапил пред истрелот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На заканите и принудата ќе одговори тивката решеност на оние кои со векови ги хранеле предците на оние кои сакаат да ги уништат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И песничката и неговата решеност спепелуваат кога погледот му паѓа на сликата во бронзената рамка.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Пред шест години неговиот професор ја затече својата жена со еден маж пожарникар - млад русокос вол и со оперетска насмевка, ја затече гола како вистина и побеле за неколку ноќи. После, по една очаена решеност на полулуд човек, му го испираа отруениот стомак и се бореа во болница да го спасат; студентите се чудеа: ако е веќе курва зошто ја остави.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Вооружен со цврста решеност, потпрен врз мислата дека мора да издржи, се упати кон плевната.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Не ми се оди веќе во гимназијата, се пофалив и се зачудив на неочекуваната смела решеност со која му се доверував на Пенча.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Набргу тој го сети и во својот чекор нејзиниот недостиг, но тоа воопшто не беше во состојба да измени нешто од неговата решеност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Фрли, дури кога успеа да дочека да го види тој огромен ѕвер, со онаа ужасна тврдоглава тупост во секое свое движење, со една таква тупа решеност, во тоа како беше насочена кон него, пред која како да не постоеше никаква можност за скршнување, за отстапување, со една тупост, со која таа би продолжила да иде право кон него и кога би била мртва, на тоа место, на педесетина чекори од него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Бешир вешто стигна на одреденото непознато место, возејќи крај морето, минувајќи првин крај претседателската палата, па кон монденските Ла Марса и Гамарт, во точката на просторот каде што беше договорено да ме чекаат Палестинците, за да ме одведат до скривалиштето на Јасер Арафат, каде што пред неколку месеци му ги предадов акредитивните писма со кои станував амбасадор во земјата која постоеше најмногу во цврстата решеност, во желбите и замислите на Јасер Арафат! Во смислата на неговиот живот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ќе застанеше така на некоја крстосница и долго ќе ѕуреше во улицата осветлена од месечината, без решеност во која насока да се упати.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Беше тука и повратениот кураж, и една чудна решеност, а Претседателот ги имаше смислено сите зборови, и тој нив мораше да ги рече.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Атмосферата на страв и несигурност ја одржувале постојаните гласови што се ширеле за „решеноста“ на Организацијата да го нападне градот; дека овде-онде се пронајдени бомби; дека Турците пак се подготвувале да извршат колежи и слично.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тој на бугарската влада ѝ ја пренел цврстата решеност на царската влада, како и на Виена, да не дозволат никакви промени во овој дел на Балканот и барал од претставниците на македонската емиграција во Бугарија и од тие на МРО (д-р Татарчев Христо Матев) со кои се сретнал да водат сметка за тој факт и да не предизвикуваат нереди во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И зар не гледате дека таквите ретки ќошиња за криење се користат само за обични пригоди, и тоа само од обичните умови; бидејќи во сите случаи на криење, сместувањето на скриениот предмет – сместувањето на тој редок начин – уште од самиот почеток може да се претпостави, а и се претпоставува; и според тоа, неговото откривање воопшто не зависи од проникливоста, туку од грижливоста, стрпливоста и решеноста на тие што бараат; а кога станува збор за важен случај – во очите на полицајците, за огромна награда – спомнатите особини, колку што е познато, никогаш не недостасувале.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И во моите очи имаше презир и решеност.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тогаш ја дигна главата и со мирна решеност соопшти: „Сѐ е ова лага. Нема веќе да ви се покоруваме“.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Го давам ова мое признание и оваа моја решеност, дури и да ми се смета за слабост.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во моето сеќавање сè уште се движеа необичните слики од сонот а помеѓу нив можев да ја распознаам и решеноста дека во мене воопшто не се јавува желба да обвинам поединци, или да сочувствувам, а ако е потребно дури и да страдам поради моето однесување во тој проклет сон иако во него се најдов не по своја вина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Повеќе