рововски (прид.)
Само требаше да ги повлечат чкрапалата и привидното затишје да се претвори во канонада, рововската борба да се претвори во судир гради во гради.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Зората ја дочекувам навален со плеќите на замрзнатиот рововски ѕид. Ова што го гледам пред мене е како во бајка.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Вистинското арго е Рововското арго. Она на Вијон, но, и тоа е по малку круто, особено она од Песната за стапот, за којашто, впрочем, ретко кој и слушнал... ...
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)