рудник (м.)
Во меморандумот изготвен од Морган на 2 февруари 1943 година се нагласувало дека при изведувањето на акциите предност требало да му се даде на рудникот за хром Алатини бидејќи таа акција можела да се реализира за многу кратко време.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Можеби настаната од потребата да се поттикне јунаштвото кај борците; (нели, се зборуваше, откако успеал да ја протне бомбата низ отворот на бункерот, тој со своите гради го затнал тој отвор низ кој митралезот го бранел влезот во рудникот) а притоа творците на ова тврдење изумиле дека приказнава може да втаса и до ушите на тетка Боса Сотирова и дека тогаш јунаштвото на Благоја нема да е поттик туку ќе претставува бодеж што ќе длаби во срцето на несреќната мајка.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Место нив ќе дојде нова смена, во рудников момчаци ќе венат.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Се распраша кој прима на работа во рудникот и доби упатство, та отиде во камената зграда.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ние сме во пештера! Или во рудник.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Се планира да се изградат толку и толку електроцентрали, фабрики, рудници. Потребни се.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Во 1898-1902 год. се води долготрајна „Бурска војна” помеѓу Бурите и Англичаните во Јужна Африка, бидејќи последниве сакале да си ги прошират владенијата заради експлоатација на трансвалските златни рудници.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Што се однесува до другите цели рудниците Алтини имаат највиок приоритет.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Кога Толе допре со очите до Алшари и го виде оџакот од фабриката на златниот рудник, испушти една длабока воздишка, сеќавајќи се на приклучението со Аќифа, а во исто време му излезе пред очи убавата Прочка, која беше ја фрлил во заборав.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Пред Револуцијата, тие биле подмолно угнетувани од капиталистите, биле изгладнувани и камшикувани, жените биле присилувани да работат во рудниците за јаглен ( жените, всушност, сѐ уште работеа во рудниците за јаглен ) децата биле продавани во фабриките на шестгодишна возраст.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ќе им раскажам за Шумшул- град и за таинствениот рудник на дијаманти, како и за страшното чудовиште Мортенија, за која некои мислеа дека ќе е идна господарка на светот, од исконски времиња сит од секакви господари.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Фабриките, рудниците, земјиштето, куќите, транспортот - сѐ им беше одземено и бидејќи тие работи не беа повеќе приватна сопственост, произлегуваше дека се општествена сопственост.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
- Впрегнете ги сите интернет копачи и копачки. - Да го ангажираме и рудникот Хокно - викна падавичарот. - Удрете по серачите и стоката.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Сетне се слушна глас дека бикот е виден покрај влезот на јамата на напуштениот рудник во Богословец, како квечерина исчезнува во темнината на рудникот, а наутро пасе по ридиштата кај минералните извори на Богословски Рид.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
За него работат и соланите низ цела Румелија, тарапаната за сечење сребрени аспри, тарапаната за златни дукати, сребрените рудници, оризиштата, трговските такси...“
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Куќата што воздивнува се обиде да ме охрабри: - Веќе претскажав – ти ќе ги спасиш нашите момчаци од јамите во рудникот на Мортенија.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
- Јано, Катерина е мојата почудесна половина но покрај тоа уште и најнепроценливиот рудник на доброто во мојот инаку зафркнат живот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
„Ти си предавник!“ викаше момчето. „Ти си мисло-престапник! Ти си евразиски шпион! Јас ќе те убијам, ќе те испарам, ќе те испратам во рудниците за сол!“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
На оваа област ѝ се давало предност, а не на Приштина, бидејќи, според британските сознанија: а) “Областа меѓу Тетово, Прилеп, Дебар и Битола е предоминантно српска и населението е пријателски настроено. б) Од Пореч групата можела да се спушти“во долината на реката Вардар под заштита на пријатели“, спуштањето на територијата на Приштина било различно поради тоа што членовите на мисијата ќе морале да патуваат “приближно околу 180 км преку непријателска територија со несигурно население“ в) Се сметало дека Порече би бил “подобра база за операции против рудникот Алатини“. 57
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Промените, главно, се сведуваат на следново: а) одредбата која забрануваше работничка од областа на индустријата и градежништвото да може да се распореди на ноќна работа, ако работата во тоа време би ја оневозможила да оствари одмор од најмалку седум часа – во времето меѓу 22,00 часот и 5,00 часот наредниот ден (чл. 71, ЗРО/03 – Пречистен текст) беше заменета со порестриктивна одредба, која сега забранува само вршење на подземни физички работи во рудниците од страна на жени (чл. 160, ЗРО/05); б) кај бременоста дојде до две позитивни промени – се воведе забрана работодавачот да бара какви било податоци за бременоста на работничката, освен ако таа самата не му ги достави заради остварувањето на правата кои ѝ следуваат при бременост (чл. 163, ЗРО/05); а во т.н. постнатален период, односно една година по породувањето, се воведе и посебна дневна платена пауза, од час и половина, за доење на детето од страна на мајката -доилка (чл. 171, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)