свеченост ж.

свеченост (ж.)

Жена ми сигурно уште не може да ми прости што не ѝ ја купив онаа бунда во Солун кога бевме да купуваме гардероба за оваа моја свечаност.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Свеченоста на морето И кој ќе наминеше тука ги допираше урнатините од црквичката меѓу кои сѐ уште светкаа честички од неговите молитви.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Маслинките расцветани како во некој далечен еп а уште подолу свеченоста на морето...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
А во покривањето на расходите околу сите овие и идни свечености ќе се потрудат сите вработени.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Барокната свеченост по повод човечкото преминување во непознатото обележана е со споменични градби или ликовно јасни симболи на предмети како некакви амблеми на протагонистите.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Пред него се откри балската сала преполнета до врв со свеченост и сјај.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На свеченоста присуствуваа и претставници на властите од Лерин и од 100 месни одбори од околијата и голем број селани од околните села и говор одржа префектот Депас кој ја пофали постапката на жителите од селото Атрапос.”
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не можеше мигум да ја разбере причината на моето присуство на свеченоста и тоа во редот на амбасадорите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Дали на 10 ноември 1937 година на свеченост во Ерусалим при која Метаксас е воведен во Златната книга и држел говор во полза на идеите на Ционизмот, Вие држевте беседа во негов прилог?“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Утрото е ведро, ко порачано за празнични свечености.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По куќите се вееја знамиња, кои сега како да беа уште поголеми и ја исполнуваа целата улица со чудна свеченост.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во своите нови молитви, духовникот се заблагодаруваше за неповторениот божји дар, од името на сите спасени, завршувајќи ги молитвата со зборовите: „Твојот слуга Хрисостом од длабочината на душата Ти благодари што Го почести да го почувствува слаткиот вкус на победата на Доблеста над секоја овоземна припадност”.  Во свеченостите на островот, владиката и градоначалникот учествуваа години потоа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А горе, околу, до измислената страна на светот Се разложува долината На поплочена тишина и свечености.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Сакам да кажам дека робијата е отмена работа, бидејќи човекот таму страда, зарем не, додека свеченоста во Неи е простачка работа, бидејќи човекот таму се весели. Таков е човечкиот живот.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Почнуваше свеченоста на книгите. Тие како да оживуваа од говорот на двајцата пријатели, небаре се прелистуваа сами од себе, ги оживуваа своите значења.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Важно е моето поведение. Затоа, со поглед ѝ давам знак, ѝ кажувам да не се грижи, дека не сум заборавил, дека веднаш по свечаноста пак ќе бидеме заедно.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И во миг изгасна запалената свеќа, се затресе прозорецот, се отвори и зад ридиштата отпрво некоја исконска белина се искачи по небесата а потоа пукна спроти земјата, спроти душата свеченоста на пролетното необјатие.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Само на еден рибарски чун има мала свеченост: на домаќинот еден поп му го „светеше“ чунот по верските христијански обреди, му пожелуваше со него да плови среќно и да лови риба за да живее и да се богати.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А отец Серафим задолжен за манастирската визба, наточи вино старо од повеќе години, со интересен мирис на бочвата во која лежело и им рече дека ова вино во манастирот се пие во ретки прилики, на ретки свечености, за ретки гости.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Атмосферата на свеченост, разгорениот оган, стопленото сопче, пријатната миризба на пржената сланина, му го зголемија расположението на момчето, па за првпат откако беше дојден во колибата, откако беше затрупан од снегот, се почувствува безгрижен, спокоен.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Повеќе