селиште (ср.)
Сега еве го во ова селиште на македонската граница. Се враќа дома.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
И, се помешаа сината скопска крв и крвта на една фамилија дојдена отаде Џумајлија Ерџелија Селиште. И знам дека не им беше право на некои.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Една група од десетина семејства од тврдината Пешта пребегаа дури преку Црна и засели ново селиште кое го нарече Пештани.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Легендата кажува дека многу одамна, а кога — не се знае, живееле долу крај реката Црна во селиштето Разлог тројца браќа: Раде, Гале и Вите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Кој сѐ не поминал низ оваа планина, и Турци, и ајдуци, и комити, и партизани, а којзнае што сè било порано од времето кога Селиште било град!? Сѐ поминува...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)