сефте (прил.)
Прикаската ви ја раскажав за да знаете уште од сефте дека тука ние на прво место ќе се бориме со незнањето ваше, а на второ со неумеењето.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Во прилозите за начин како најкарактеристични му се видоа заемките: бирдан, веднаш; ѓене, пак, повторно; сабајле, наутро; сефте, првин, прво; текрар, повторно, одново; тек-тук, ретко, одвреме-навреме, тук-таму.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
- Наточи една кригла, жеден сум као пес со јазик до колена. - Веднаш, чичко Ване. Ова е гратис, како сефте.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
А кога тој ќе дојде, тогаш целиот товар за продавање ќе си го земе на себе. Не му е севте нему да претеруа. Има приатели и рисјани и Турци.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)