симболично (прил.)

Умираш симболично повеќе пати живееш стократно повеќе имаш безброј животи безброј ликови и сето тоа е - природно и нормално и по сето тоа се будиш наспана преродена за да можеш да поднесеш уште неколку стресови сѐ до следното паѓање во сон.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тие тогаш на настанот му придадоа симболично, но и реално значење.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Симболично секако, иако ова не беше далеку од вистината.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Сонував и неколку сонови што симболично означија вистинити идни ситуации што, всушност, претставува способноста за предвидување!?
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тој се почувствува повикан да реферира единствено пред Татко за донесените книги од Париз. Mission accomplie Paris, mon vieux! симболично објави Камилски на француски јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Парче дрво или метал, рачно изработена палка, шуплива во средината, во таа дупка со години околу 22 милиони Југословени ги туткале своите ливчиња - честитки за неговиот роденден - симболично пренесувајќи ја палката од рака во рака како залог за братството и единството.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Споменикот со импозантни димензии и остар, предупредувачки облик што манифестира стремеж за моќ и доминација, каков што пред илјадници години го гледал митскиот Мојсеј во Рамзесовиот Египет, во оваа реалност, пресоздаден е на еден трет континент симболично поставен на просторот помеѓу три западни буржоаски идеала: Независноста, Уставноста и Праламентаризмот претставен во зградата на Конгресот поставена меѓу нив, на Капитол хил.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Би било преопширно да се навлегува во значењето на алхемијата, во бесконечниот процес кој, претворајќи го (симболично) неблагородниот материјал во злато, ја постигнува светлината и соединувањето со помош на темнината и расчленувањето - тој процес асоцира на урамнотежување на нескладноста внатре во идеалот на длабокото соединување на спротивностите (митскиот мотив на андрогинот), но, исто така го предвидува цикличното и дијалектичкото повторно добивање на контрастот, во една непрекината трансформација, чијашто точка на исчезнување, перманентно оддалечувајќи се, е Утопија (златото, каменот на мудроста).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Бојадисувањето како лесна смрт или и егзактната непристрасност е пристрасна Два круга-соседи, едниот син, другиот жолт, имаа полупречник со еднаква должина и заедничка допирна точка Х, што и симболично го означуваше нивното взаемно почитување.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Студирањето се плаќа нешто симболично. Државата покрива поише од 70%. За другите 30% не постои студент што не се снашол.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Да сонуваш, значи да спознаваш да уживаш, страдаш, патуваш да убиваш, бегаш, леташ да паѓаш во бездна, во кошмар да правиш сѐ што правиш и будна и уште, и многу повеќе автентично, во боја (…) оти сонуваш симболично сонуваш навистина сама - како острово - како безгрешен зачеток. 
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Нема проблем! Мислев нешто симболично.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
XIX Судбината сакаше да се најдам близу Јасер Арафат во Картагина во текот на четири години како прв амбасадор во државата Палестина, која симболично ќе биде еднострано прогласена во 1988 година и ќе биде призната повеќе симболично отколку реално, од стотина земји.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сабејските алхемичари симболично го антиципирале она што Дорн, неколку векови подоцна, ќе го бара од Посветениците: „Од мртов камен престорете се во жив камен на мудроста“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа беше едуцирана на инакво однесување, на друг јазик, на потивок говор, на друг начин на облекување, на други вредности, нејзиниот маж на симболично навестено, ненагласено носење брада, на класична музика, на Европа, на германски повлијаената кујна, на фин бекерај, не на груби лебови, симити и јадења што се носат на глава во зачадените турски фурни, на инакви вкусови, со други културни печати, на Западот, во кој Истокот се вплетуваше како идеја за далечното потекло, длабокиот корен, идентитетот положен во далечините од минатото.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сѐ се случуваше така што беше планирано за Денот на пролетта - денови на екологијата, и уште симболично - Се раскрилуваме со пролетта.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ова било симболично враќање во неговата када од детството.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во бројни текстови тој ги објаснуваше корисностите што ги нуди таквото зазеленување на фасадите: 1. стеблата произведуваат кислород 2. подобрување на микроклиматските услови (во градот и становите), бидејќи се намалува острината на климатските промени (топло-ладно, влажно-суво итн.) 3. задржување на ситниот песок и сличните нечистотии 4. смалување на уличната бука 5. скриеност од надворешни погледи 6. сенка во топлите месеци, пропуштање на светлина во ладните (токму затоа „дрвата-потстанари“ се листопадни дрва, кои во зима оголуваат и овозможуваат поголем проток на светлина низ крошната) 7. можно е доаѓање на пеперутки и птици, значи радост при враќањето кон природата 8. симболично покажување на новиот однос кон природата - за разлика од кровните градини, „стеблата-подстанари“ се видливи и за минувачите.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Кој знае зошто, едноставно сакам симболично да ги прикажувам мислите.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тие се поставени симболично, како показ за обете воено-политички блока во светот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)