скалп (м.)
Токму кога привршуваше со бричење на последните преостанати влакненца, замавна незгодно со бричот и му го симна скалпот. Черепот на Х беше отворен.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Беше делумно оќелавен. Во првиот момент му се стори и дека посивел, но сив му беше само скалпот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
На него не се сети ниту берберот што му го симна скалпот, кога во огласник прочита дека колекционерка на уметнички дела сака да купи слика на која има насликано раззеленета врба, клупа во парк и маглива машка силуета.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)