сомнеж м.

сомнеж (м.)

Се претворив во сомнеж, чекање, надеж...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Со инаетлива амбивалентност се обидувам да ги совладам сомнежите дека судбината не ги вмешала своите прсти во моите избори и одлуки и не би се случило она што се случи ако јас самата со целата присебност и свесност во моментите на рационалност го издлабував коритото по која тече реката на мојот живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Метежот кој се создаде при слегувањето не му даде можност да ги провери своите сомнежи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не може човек да се покрие со превезот на самозаборавот зашто никогаш нема да излезе од затворениот круг на немоќта и сомнежите во сопствените сили, зашто под него се венее, сѐ се отуѓува и ретко надоаѓа утехата и надежта.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Бранот сомнежи стануваше сѐ поголем со должината на неговото молчење.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Немајте сомнеж во срцата свои дека Тој ќе се врати!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сомнежот наведува дека смртта би можела да е токму пред носот, Тоа сигурно би била неочекувана последица од Росентхал-овата голема романса со апстракцијата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Добро е додека нѐ гризе црвот на сомнежот.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
И да не сум те слушнал повеќе да се потсмеваш. Потсмевот е сомнеж.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во тие моменти неговата потајна одбивност спрема Големиот Брат се претвораше во обожување и Големиот Брат изгледаше како да се извишува, непобедлив, бестрашен заштитник, исправен како карпа спроти ордите од Азија, а Голдштајн наспроти неговата изолираност, беспомошност и наспроти сомнежот што висеше и во врска со самото негово постоење, наликуваше на опасен вештер, способен со самата сила на својот глас да ја разори структурата на цивилизацијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Бунар е обликуван како кинеска кутија која содржи сѐ уште неоткриени прегради и веројатно уште по некое дупло дно, скриено до следниот обид за толкување на овој повеќезначен роман во кој можните комбинации на прашања и одговори со оглед на доминантните мотиви на сомнеж, на гласови на кои не е можно со сигурност да се потпреш, на паралелните наративни текови, се наизглед неисцрпни во мера во која овој роман може да го понесе епитетот на отворено дело без дефинитивни вистини и конечен, смирувачки крај.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога платното од чад се расчисти од неговото лице, Френк без двоумење забележа сомнеж и збунетост во очите на татко му.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се ежев од помислата на близината на ѕвероликите и од сознанието или сомнежот дека нивното седење и молчење има некаква цел.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тогаш беше навистина изненаден од она што го слушна и што го виде, уплашен од сомнежот во сопственото срце и од сомилоста што ја почувствува кон Стефана, осамениот говорник пред фарисеите, кои нервозно си ги потскубнуваа брадите слушајќи го.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ѝ се доближува загледана во полулегнатата девојка, подзастанува, некаков сомнеж ја гризе и кога се доближи на дофат на рака, застана, и се загледа во лицето и во очите големи и црни, молежливо вгледани со вкован поглед во неа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но, од друга страна, претераната коренитост на тие разлики, извалканоста и стутканоста на писмото „така несоодветни на вистинските уредни навики на Д“ толку многу укажуваа на намерата да се залаже окото дека станува збор за безвреден документ; сето тоа, заедно со грубата наметливост на документот оставен пред очите на секој посетител, беше сосем сообразено со заклучоците до кои претходно бев дошол; сето тоа, велам, силно го потврдуваше сомнежот кај човек дојден со намера да се сомнева.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Неподвижно од немоќта на Еразмо да оди по невидливиот пат на духовното, лежеше на едно место, приковано од Еразмовиот сомнеж во себе, без нималку верба; одвај дишеше, живуркаше полно со желба за живот во очите.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Имајќи верба во своите родители, децата стекнуваат верба во себе, врз основа на која развиваат независност, иницијатива и марливост и ги надминуваат таквите себеоткажувачки болни чувства како што се срамот и сомнежот, вината и инфериорноста.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Стравот е посилно чувство од надежта, сомнежот ја нагризува свеста зошто луѓето ја изгубија и се отуѓија од верата, а и заборавија дека љубовта е причина за сѐ.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но ете, откако го фрли тој сомнеж на него, зборуваше нешто нејасно за тајни канали преку границата на нашиот јужен сосед, за шверцување мигранти од Тунис, Мароко, Алжир, Нигерија, Авганистан и Пакистан, за луѓе од Кратово ангажирани околу некаков илегален логор за азиланти, за соработници на Ниротакис од Србија и Унгарија, за земји од Европа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Повеќе