спасение ср.

спасение (ср.)

Комитетот може да се пофали и со поумерени раководители, но и тие мислеа оти спасението на Македонија е само во духовното обединување, па и господствување на Бугарите во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Преблаги господе не оставај нѐ никогаш сами за да не дојде непријателот на нашето спасение и да нѐ погуби.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И им ги затна устите на волците, на тријазичните еретици, пророчки укажувајќи на тревливиот јазик и упатувајќи ги сите со писмо кон спасение.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Најстариот не изустил богохулни зборови откако видел дека не е неговата калеша, а вториот гласно рекол сполај ти Господи за спасението на мојата перачка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Патот за спасение е тежок вели, оти тој пат е еден, и најважно од сѐ е дека тој пат постои.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во Бирмингем ворстерскиот владика направи во црквата молебен за спасението на македонските христијани.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Идејата за спасението и бесмртноста го порекнува трагичното, уверуваа философите и теолозите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Само ти ќе можеш да го насочиш водотекот кон вистинскиот правец и да го пронајдеш патот кон моето спасение.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Колку чудесна идеја да се бара спасението во невиноста на козите и нивниот принц Чанга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Водачот во својот говор од 6 февруари 1967 година, станувајќи жестоко против религијата и назадните обичаи, го означи вистинското Спасение на земјата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Мудроста божја и спасението негово подеднакво на ова писмо се запишани“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Потоа човекољубецот Бог, којшто го стори и не го остави човечкиот род без разум, туку сите луѓе ги доведува до разум и спасение, се смили на човековиот род, па им го испрати Св. Константина Филозоф, наречен Кирил, праведен и вистинољубив маж, кој им приготви 38 букви, едно по образ на грчката азбука, а други според словенскиот јазик.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Покај сѐ и тоа ќе ти помогне да се вратиш од мракот кон светлината, од немирот, кон мирот во душата; од сатаната кон бога, кон спасение; нема човек безгрешен, па дури и еден ден да живеел на земјата, зашто потекнуваме од грешните Адам и Ева, како што вели Јов, но ако се покае, господ му простува.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Оџата кој раководеше со молитвите, тогаш ги подреди луѓето во три реда пред телото на умрениот, за да се молат за неговото спасение.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Потем, во тој наш смртен живот сега, кога осознаваме, спасението нѐ ослободува од ропството на гревот, за во иднина да бидеме избавени од Божјиот грев со нови воскреснати тела.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Промоциската критика никогаш не ги доведува во прашање сопствените претпоставки - никогаш не го поставува прашањето зошто ја сакаме уметноста во која ќе веруваме, кое е ветувањето или „спасението“ својствено за тоа верување...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
10 О Хошано! – „О, Спаси!” обред во кој седмиот ден на празникот Сукот верниците со врбови гранчиња во рацете го обиколувале жртвеникот на ерусалимскиот храм, како впрочем и верниците во современите синагоги барајќи го божјото спасение
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но тој сите тие удари ги примаше со некоја селска рамнодушност, со селска упорност: беше жив пример дека селаните имаат посилен организам од сите други, дека имаат подобри нерви, дека во крајна рака, имаат и подобра интелигенција, дека кога им говориш нешто, низ едното уво им влегува, а низ другото им излегува, и дека нивната филозофија трпение- спасение, редовно дава плодови.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Трпение - спасение! Борбата брзо ќе заврши!
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ете, селото брго ќе оставе без бареден поп, та ако он биде добер, шо веруам оти ќе биде, и другите две маала не ќе има потреба да бараат други свешченици, кога ќе видат оти им врши работа и се грижи за спасение на вашите души, — заврши дедот поп Димитрија и си ја забриша потта од набрчканото чело.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Повеќе