спитоми (св.)
Кога би одврзала, мислеше, само кога би отпуштила, кога би спитомила и би заплиснала да потече...
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тогаш Корец почувствува дека е време да го активира знаењето стекнато на високите рабински студии, неговата реторичка вештина со која владееше врвно и која, знаеше, имаше сила да поведе колку и да заведе: „Мој сон е, учителу, конечното остварување на спој меѓу одамна поделеното западно и источно еврејство, големата унија што ќе нѐ сплоти во единствена нација, во нацијата на одново собраниот Израил”. Погледот на Апфелблум се спитоми.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Сакаше да ја разбере историјата на својата земја, да ја совлада, да ја спитоми, да ја контролира, за да може да ја предвиди иднината на своите деца.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Сите сакале да нѐ спитомат, кој со арно кој со сила!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Секогаш се случуваше така, снегот да преврне а после или да заплисне југовината со својата блага бура, што ќе слисти барем една дебела половина од наврнатиот снег, што ќе размекне, ќе спитоми, ќе одврзе, а ќе му даде и нему доста вода за да си ги сврши сите работи, за кои беше дојден; или пак ќе дојде една од оние ведрини, ќе се изостри една таква при која сонцето ни во најцрвеното и најослепувачки огреаното пладне нема да биде во состојба да му излишти ниту една капка.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)