сруши св.

сруши (св.)

Твоето поаѓање го сруши ѕидот на осаменоста... Отсуството засекогаш ме направи тажна.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Заедно беревме цвеќе во вазна со црвено вино преполнета во оваа врелост со оружјето на најголемиот инстинкт, ја сруши вазната и протече црвено вино...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Во летот долг се срушил он и никој не го закрилува.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Обидот да се искачите по импровизираното минималистичко скалило за спас од бездна за вас ќе се сруши ко кула од карти...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Иако еден за друг ништо не знаеја (таа живееше во куќарката залепена до зградата која требаше да се сруши по завршувањето на зградата во која имаше добиено стан да се всели, а тој во работничката барака во кругот на зградата).
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тогаш му се чинеше дека ѕидовите на станот ќе се срушат од дивиот ритам на бесот што го слушаше во себе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но набргу ете ти несреќа: ненадејно се сруши еден ѕид од куќата и го потфати Ѓеро; го извлековме здробен од камењата: го исплакавме и побаравме оштета од фирмата; фирмата не сакаше да чуе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Точно е дека сум јака, но и тоа е со граници. И најјакиот објект би се срушил после третиот удар. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Му ја честитаа Новата година и го потсетија да си го поправи оштетениот оџак. Само што не се срушил.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
„Ајте сега, господот ваш, обидете се ако ви држи...” им велеше на луѓето кои стоеја со копачките да му ја срушат; тие кога ќе ја видеа пушката, се растураа и пак се враќаа; тоа со месеци го чинеа: идеа со копачите, вртеа околу куќата и пак се распрснуваа кога ќе го видеа Бандо со пушката; се обидуваа и ноќе и дење, но тој секогаш беше тука: стражареше на мазгалката и ја вртеше пушката кон нив.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Не раѓајте се вие проклети мисли Што ќе убиете мртво тело Штотуку се отвори цветот На нашата љубов и гром одеднаш се сруши во нашето беспаќе...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Спомените ќе останат ко сенки во животот. Ја побарав среќата што одамна ја сруши мракот умре заедно со зајдисонцето го прекрши идејниот занос јас сум поет не можам да чуствувам мрак.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Врати се повторно, градбата не е до крај срушена, темелот е здрав. Врати се повторно...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
ДИМИТРИЈА: Твојата кариера стави си ја ти во газот,а мојата скапана куќа остави ми ја да ми се сруши врз плеќите.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Се обидел да го исклучи плинот. Се срушил врз подот. Го нашле потемнет, како црнец, изеден од гасот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Дигни глава и сруши го чаупади. зашто боли кога невино дете страда на 13 години кога, неговите другарчиња се радуваат на убавините на природата сплет на убавини и чувства Уште една ноќ, само уште една ноќ, од овој месец, а после одбројува денови до нареден месечен циклус...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Никој не верува дека половина Bronx е веќе срушен и дека на улиците има вистински лешеви.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
ТЕМНИЦА СЕ СРУШИ ВО МОИТЕ ОЧИ не гледам но видов во аголот на нашите средби капки солзи ко бисери бели а во нив две срца со аморни стрели и двајцата заљубени бевме...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
„Куќата ни е срушена, немаме веќе ништо, не знаеме каде нѐ водат, толку нѐ тепаа и нè бомбардираа што ни се чини дека сите го изгубивме разумот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
За целото тоа време Ружа од петни жили настојуваше да го сруши овој нелегален брак.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Повеќе