стапи (св.)

Пред да стапи во партијата, брат ми требаше да замине на една сојузна младинска доброволна работна акција за изградбата на една разорена пруга во една од средишните републики во земјата, потем во изградбата на автопатот Братство-единство, којшто треба да ја поврзе земјата со Европа и Азија, па во изградбата на едно вештачко езеро во својата република, со сушење на мочуришта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тогаш сѐ уште не беше стапен во сила законот за забрана на пушење во јавни простории и кафеани.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
За некој ден требаше да стапи во сила Законот за забрана на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Што не стори да стапи во некој од тамошните оркестри.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Проблемот што требаше да се реши беше физички: како да стапи во контакт со девојката и да закаже средба.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На еден од тие летечки состаноци, Баге меѓу другите доби задача да стапи во врска тој и тој ден на тоа и тоа место во тоа и тоа време - се разбира дека не му беше кажано каква ќе биде таа врска, машка или женска, млада или возрасна, позната или непозната.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тој бил еден од оние што, пред да стапи во допир со светот на Македонците, недвосмислено ја прифатил грчката тавтологија за грчкиот карактер на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Иако беше предупреден дека првиот што ќе стапи на тројанското тло ќе биде веднаш убиен, синот Лаертов прв скокна од бродот, но прво на својот штит којшто пред тоа го фрли на брегот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тој ја разубедуваше... Ѝ рече дека нема да може да стапи во никаков контакт со неа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Не разговараа за можноста да стапат во брак.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Според тоа, кога ќе стигне и, штом ја сфатиш целта, содржината и прописите на мојот царски указ, да работиш и да постапуваш врз основа на изложеното, да вложиш многу напор да стапи во сила мојата висока наредба и да се трудиш на споменатата раја да не ѝ се прави неправда и да не ѝ се додева.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не малку пати, кога минуваше со козите крај ридот на Калето, козите бргу како по некој оживеан инстинкт што им го должеле сигурно на своите далечни диви козји предци неприкосновени господари на стрмните балкански планини се искачуваа по карпестите засенчени стрмнини на ридот до кои не можеше да стапи човечка нога...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Приредбата се изведе со голем успех. Најпрвин говореше директорот, за големите успеси на училиштето откако тој стапил на таа функција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Стапи на нешто што се скрши под неговите нозе. Некој весело опцу.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А татко ми, на крајот, доследен кон своите принципи, не сакаше брат ми да го спречи да стапи во партијата, но потајум во себе страхуваше синот да не се внесе премногу во ветувањата на партијата, по него да тргнат и другите браќа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ми рекоа дека секој роб, пред да стапи во рудничката јама, должен е да се сретне со Мортенија и да се заколне на верност.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ами сега колку лажовни ќе излезат тие уверувања и на македонските комитети и на Бугарија, ако и едните и другите, од пасивен однос кон едно ново течење што бара „Македонија за Македонците”, а не за Бугарите, или од иронизирање со него, стапат во борба со него?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сандо од обезбедувањето ми рече дека обвинетиот двапати се обидел да ѝ се приближи на Јана, дури и да стапи со неа во контакт.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И отишол со таков чекор како да ќе стапи во непомирлива војна со сите сомневања што со змиска мрзливост се влечеле околу живите и им розгале на соништата отров од кој и срцето се скаменувало. Секако.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Љ Н, како оштетено лице, повеќе пати се обидуваше да стапи во контакт со одделението за сметководство, меѓутоа од ова одделение свесно одбиваа да му ја кажат точната сума пари која му ја должат, како и други општи информации во врска со неисплатените плати и придонеси – кои, во нормални услови, требаше да бидат транспарентни и лесно достапни.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Повеќе