стопанин м.

стопанин (м.)

Стопаните на Имотот, возрасните, беа собрани на чардакот, гледаше на запад, во сонцето; мажите редеа некакви дрвца, различни фигури, на ишарана табла, а жените везеа на ѓерѓев, додека децата нивни растрчуваа низ дворот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Еден од макроите, стопанин на ова бело робје, на овие сексуални автомати што им носат печалба, се најде во близина.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Еленскиот хор му одговори: - Држ’ се, стопанину, во името на твоето непопуштање, а за твоја победа ние ти држиме палци.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ниту раетините ниту, пак стопаните не покажаа интерес за постапката на Турците.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но чевлите не би биле верни ако, по долго талкање, не се вратат дома сами, како верни кучиња, и ако едно утро не ги дочекаат стопанинот пред сопствената врата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)