страхува несв.

страхува (несв.)

Најмногу од сѐ друго страхуваше дека таа може едноставно да се предомисли доколку тој не успее брзо да воспостави контакт.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Од пролетерите нема од што да се страхува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А татко ми, на крајот, доследен кон своите принципи, не сакаше брат ми да го спречи да стапи во партијата, но потајум во себе страхуваше синот да не се внесе премногу во ветувањата на партијата, по него да тргнат и другите браќа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Секогаш му се радувам на она што опстојува и покрај нашите страхувања.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Летавме многу ниско над брановите, и одвреме-навреме страхував некој од нив да не нѐ стигне со својот висок, пенлив гребен и да нѐ повлече кон длабочините.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Оној кој искушува на грешка тера напредок заговара унакажува, опседнува видлив и невидлив создава ли од ништо нешто страхува ли од пресекот на светот, крстителот?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Би можело да биде и страхување дека го изневерила својот Германец во што малку верувам.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Па сепак, ова сомнение се јавуваше и ги заматуваше ваквите мои размисли уште пред да ги сместам на почек во одделот на можните страхувања.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Најмногу страхуваше од помислата, инаку најблиску до вистината, да не бил пуштен Чанга едно време да лудува со козите во градот, да ги собере околу себе, во тој заносен марш, сите свои истомисленици, несудени припадници на козјата „работничка класа”, па еднаш засекогаш да се стави крај на козарското прашање во социјализмот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Најмногу страхувавме еден ден да не осамне и паролата: Смрт на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Либералната партија не преживеала. Месади страхувал од истата ситуација и во Тунис.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
(Авторот е склон кон суеверие, кон откривање знаци што нешто укажуваат; така, на пример, кога при бричењето ќе се исече, верува дека е тоа некој лош знак и цел ден страхува дека може да му се случи нешто непријатно)
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога помислуваше на иднината на своите потомци на Балканот, најмногу страхуваше од експлозиите поради повеќеверството.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој страхуваше дека последиците од „двоверството” односно „јаничарството” на Балканот можат да бидат најжестоки, пожестоки од тие што ги познава историјата во другите делови од светот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога беше сигурен оти наполно ја има довербата на Чанга, татко ми почна да му ги кажува своите страхувања за козите и за „незавршената класна борба”, како што често пишуваше на главните пароли во градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој јасно страхуваше дека не е далеку денот кога и козите ќе бидат невино замешани на проклетствата на „класната борба”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во тие моменти постојано страхувам да не заѕвони телефонот, или пак некој да не ни дојде на гости и да нѐ прекине во разговорот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
XII Кога дознаа во партијата за името на нашата коза Сталинка, тврдокорните идеолози во себе се противеа, но не можеа јавно или на друг начин да реагираат интимно страхувајќи да не бидат разбрани дека се против големиот брат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Едната, многу поверојатна, беше дека девојката е агент на Полицијата на мислите, токму како што страхуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А Србин стана, се потокми, се затресе и навистина отиде, Шишман остана затаен на местото како зајак што страхува секој момент кучиња да не го налајат во дувлото каде што се скрил.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Повеќе