супстрат (м.)
Токму вонивните урнатини, остануваше супстратот на народниот менталитет којшто беше отпорен на брзите револуционерни промени.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Значи, надворешната полова информација, психичкиот момент или чувствувањето се така веќе она Нешто, што хемоелектрично во мозокот го зафаќа местото на центарот за полово уживање, а надразбата што ја нарекуваме сексуална е онаа суштина што е означена како сексуално надразлив супстрат.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Тие се новиот вид на чистиот апориски супстрат.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Со познавањето на нејзиниот запис, можеме во склад со „теоријата на единственото поле” да влијаеме на половиот организам со такви физичко-технолошки постапки што се во склад со идентитетот на за половоста релевантните супстрати и на нивните законитости. okno.mk | Margina #22 [1995] 111
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Не сте знаеле за една НОВИНА која се објави дека: Древниот македонски јазик бил супстрат кој во себе содржел најупростен графички и фонетски систем, односно најупростен вокален и консонантен во секојдневната употреба и комуникација!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Филозофијата на јаничарите и јаничаризмот е супстратот во делото на Луан Старова Времето на козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)