тегет (м.)
Видов дека тегетните тренерки што ги носеше го правеа уште поблед.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Беше зима и јас бев убаво облечена во тегет палто, на главата имав беретка, шал, бели длабоки чевли и бели завратки.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Излегуваш надвор за да провериш, кинисваш низ улица и некој со тегет трака на реверу ти објаснува, дека не можиш да поминиш по твојата вообичаена маршрута. - Зошто бе? - Како бе зошто?
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Најчесто носев панталони па и за оваа прилика облеков убави тегет памучни панталони и кошула со ситни цветчиња.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Александар допатува со тегет сако во куферот, дворедно и со сребрени копчиња...
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)