тивко прил.

тивко (прил.)

А тивко е, мислиш сѐ е позаспано.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од уста во уста, тивко ја пренесуваат наредбата: - Подготви го ножот!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мирно е, тивко... Во одајата влезе истиот лекар.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се породи... неколку дни живееше се разболе... тивко умре.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Беше тивко. Се плашев од тоа татко ми што можеше да го каже.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Зборуваа тивко.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кај се сега оние раце нежни што книгана отворена ја милуваа Зад прозорот веќе тивко снежи и снегулки босоноги претрчуваат Кај се сега овие раце бледи толку книги во есента што затворија Зарем веќе над новите редои надвесени занесено се уморија Кај се кај се Јас ги чекам чекам над книгата напуштена да затреперат Но место нив сосем сосем леко по листојте зашумува само ветрот Рацете ги нема нема нежни Прашањето в грло ѕвони испокинато Одговорот надвор снежи Снегулките тажат по нив непрекинато.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Баба секоја вечер тивко влегуваше во капеличката и се молеше за здравје на сите.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
А дождот сѐ уште тивко паѓа и ги крие тајните наоколу...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Царски е патот на змиите: ја сечат отмено поврвнината на брановите, легнуваат по карпите тивко, како сонце на залез се лизнуваат меѓу нозе очи в очи се судираат, исчезнуваат без страст, без отров секогаш совест од којашто извираат водите, се ведат змејчињата за да се одржи невидливата рамнотежа - услов без којшто не може ништо на веков.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тој зборуваше сѐ потивко и последните зборови одвај се чуја.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој час некој или нешто се засенува од таа страна на прозорецот, потоа тивко и претпазливо тропка на џамот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Секогаш кога требаше беше со нас, но беше небрежно оставана тивко да чекори покрај нас во нашите забревтани животи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тивко е темно сред класјето во полето и осамотеноста боли Барем вечерва, вечерва слезете долу развеселете ме Зошто не би дошол тој сам во собата нам ни е долу страв Ноќта е темна ноќта е густа нам ни е долу страв
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Кога дрвото покрај кое случајно минувате со задоволство ја претрпува болката од впишувањето на две имиња врз неговата кора со нож; кога истовремената појава на дожд од небото и солзи на вашето лице не може да се нарече случајност; кога светулка се дави во вирче, прета со наводенети крилца борејќи се за живот и притоа не заборава да ве награди со светлина; кога не знаете зошто одот одеднаш ви станува куц; кога не сте пијани, а од некои темни агли на едвај осветлената улица слушате тивко завивање и цивкање на куче; кога не знаете како сте станале дел од таква ноќ... сѐ што ви преостанува е да се гризете од бол и зачуденост.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Божем откриваше тајни што не треба никој да ги знае, говореше тивко со крајно поверлив призвук во гласот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ретката бела коса и големите зулуфи го правеа да личи на романтичен поет, а зборуваше многу тивко.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Но се премисли кога виде неколку жени во униформи, кои ги пречекуваа на вратата од автобусот и им ги покриваа главите со наметки за да не накиснат, а потоа ги поставуваа во ред еднододруго, водејќи ги тивко и со решителен ритмичен чекор.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тивко потчукнување ја прекинува оваа игра со инсектите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Знам , знам.. – прошепоти Трајанка тивко, сѐ ѝ беше јасно...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Повеќе