толпа ж.

толпа (ж.)

Гледа на толпата луѓе собрани во шумата..
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дури и сега јасно се сеќаваше на мирисот на градот – мирис на топли вафли со сладок сируп, кои му се топеа во устата додека низ толпите купувачи се пробиваше накај пристаништето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Една слаба рака со машки влакненца и широка бакарна алка се проби низ толпата околу масата и ѝ понуди запалка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А малку пред нас толпата го зафатила и поетот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тогаш сфати дека толпата селани се натискаа во земјанката.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Едно тригодишно девојче кое очигледно сѐ имаше загубено во толпата, како кутренце цвилеше по нејзините родители.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Ја носеше истата горчливост и презир кон толпата.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Но војниците го задржаа бесниот налет на раздразнетата толпа, и ги одведоа врзаните бунтовници пред кадилакот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Најпосле војската се собра во толпа на отстојание пред непријателските војници кои преплашено, стегнати еден во друг се држеа еден со друг цврсто прегрнати.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога стигна на местото од кое допираше вревата виде само една толпа од околу двесте или триста жени како се туркаат околу тезгите на уличните продавачи, со трагични лица, како да се проколнати патници на брод што тоне.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ќе се навали на една страна толпата и ќе се урне, ќе се скине.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еднаш порано имам запишано дека и каде што се мноштво и каде што се само неколцина луѓе, се создава ист или сличен тип на односи при што присутни се и љубовта и омразата, и натпреварот, и зависта и настојувањето да се доминира, да се наложи власта од едни над други, присутен е стремежот да се создаде група, толпа, но во исто време и делби.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Наскоро се пробивав низ толпа испотени луѓе.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Салото под елекот закитен со тежок сребрен синџир му се бранувало од задоволство додека ја гледал толпата обземена од тапа љубопитност, пред секакво чудо и сите што му биле и што ветувале дека ќе му станат купувачи на басма, шајак и јамболии можеле да се восхитуваат и да му се чудат - коњот пиел вино од поило и по команда се исправил на задните нозе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се надева и стенка целата толпа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сѐ уште расположен заради топлиот прием на христијаните таму и возбуден по седумте дена поминати во церемонии на прочистување во храмот, беше навистина изненаден од бесот на толпата со која се соочи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Толпа луѓе се меткаа по плажата, гледаа во морето, немоќно кршејќи ги прстите, додека други ги вртеа грбовите кон морето за да не го видат неизбежниот крај на давеникот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Станав дел од палестинската толпа во Париз која тагуваше за својот раиз.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Гркинките се приближија до Македонката, нешто ѝ проговорија и оваа бргу бргу ги завлече децата и едно по едно со изговорување на името им ги предаде на Гркинките, а овие откако ги поздравуваа со стисоци на рацете, ги сместија во нивниот џип, кренаа раце во знак на поздрав до толпата, џипот испушти еден силен прдеж и замина по истиот пат по кој и дојде.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Пеев во осама. Пеев и за толпите и за осамениците.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Повеќе