уверливо прил.
уверливост ж.

уверливо (прил.)

Ако го прашаат, би можел уверливо да каже дека бара да купи жилети.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во една платонска љубов кон јазикот, веднаш, на самиот почеток на нашиот разговор, Енценсбергер раскошно демонстрираше како може уверливо да се именува и исправно да се брани самата литературна кауза.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Дури на крајот на писмото, во аголот, Ивана имаше напишано дека често мисли на мене и дека ѝ недостигам, што не ми звучеше баш уверливо, а сосема најдолу – да ги поздравам другарките, особено Мила и Снеже.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Со инвестирањето на уметничкиот код (авторство, избор, реткост, иновативност, естети­чност, инсценација) уметникот доволно уверливо ги демонстрира облиците на приклученост на денешниот поединец кон виртуелните машини.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Му се стори дека зборува уверливо.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тоа го правеле многумина и не баш секогаш уверливо.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)