угости (св.)
Еве, да ти кажам оти на нашево село му падна таа голема чест да ги прими и угости најголемите и први дејци на нашата Организација.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Кумот не е само за тоа да крсти, да венча, туку и да пречека, да угости, да дарува.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)