уреди св.
уред м.

уреди (св.)

Но на тие иронии еве со што јас ќе одговорам: Не е вистина кажувањето дека не ќе излезе ништо од усилбите на Русија и Австро-Унгарија да се уредат работите во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Оние платна веќе нема да ги распнувате! - рече дедо Димо. - Ќе уредиме спиење во плевната.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сметаме дека ќе биде интересно за вашите читатели ако им ги соопштиме имињата на оние бугарски претставители кои по 450 години на 15 март 1871 г. се собраа во престолнината на некогашната византиска слава и величие за братски да се посоветуваат како да си ја уредат својата црква на која до пред десетина години ѝ се закануваше опасност да стане плен на фанариотите; таа и денес од нив страда насекаде во несреќна Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И видов: на средето од собата, Мозаичник некој незнаен и дамнешен, мозаик преубав сочинил од камченца ситни колку прашинки: мрежа дванаесетаголна, со конци совршени, и во средето на мрежата ново среде, второ среде: пајак црн, сонце на вселена мала и уредена, сподобие раскошно, моќно, најсилно на светот, совршено оти од утробата своја плука и раѓа совршеност; и видов; на средето од пајакот, трето среде што беше, нацртан бел крст, и точно местото каде се спојуваа краците на крстот – средето на светот, точката по која копнеел големиот Архимед, најврвната тајна на сите светови!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ги стокмив скалилата и ги уредив со камени плочи, толку ефектно и мајсторски што, откога камењата ќе фатат патина, со некого ќе можам да се пошегувам дека се од римско време, поминал божем Хадријан тука и ги изградил со својата инженерија.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Изложбата и каталогот се така уредени да го презентираат животот и опусот на уметникот на еден јасен и систематичен начин, избегнувајќи ги елаборираните теоретски конструкции и произволните интерпретации што ги карактеризираа студиите за Дишан во последниве три декади, и кои всушност го спречуваа нашето разбирање на делата на овој уметник.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ина уредила вечерта да настапам со својата точка, во паузата на програмата; директорот ми рече дека настапувам без никаков хонорар и на своја одговорност; се согласив.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во отсуство на секаква вистинска комуникација внатре во Океанија, тоа не беше тешко да се уреди.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Треба да се уреди гробот. На Методија му имав предложено да го преземе неговото уредувањето.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
44. Напротив, таа ќе ги уреди односите меѓу македонските народи за вечни времиња.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И, ете, затоа, кога донеле одлука да се одбележи петгодишнината од изградбата на Долнечката брана, одредиле тој да напише кратко сценарио за документарен филм и да ја уреди изложбата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
На другиот ден, рано утрината, заминав за родниот град, каде требаше да уредам некакво наследство.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сѐ беше беспрекорно уредено и сјаеше од свежина.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кај Сукаловци животот почна да си тече нормално. Мажите одамна ја привршија сеидбата; жените ги уредија каците и легнаа на женските работи околу разбоите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но откако зафати војната, на луѓето умот сѐ повеќе им се сврти кон гробиштата; започнаа да ги оградуваат, да ги чистат гробовите од трње, пиреј, капини, глог, змиорики, повит; зафатија да се натпреваруваат луѓето кој подобро и полично ќе го уреди гробот на својот предок, на своите блиски и роднини; започнаа надгробни споменици од најличен камен и мермер да се прават.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сега, кога ќе појдам во собата, ќе ги побарам оние скици и цртежи, и ќе го уредам просторот со планираните патеки, со парчињата англиска трева, и со туите и кедрите што ќе се вишат до небото.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Вчера учителката рече: „Најуредните тетратки ќе ги чуваме за изложба што ќе ја уредиме на крајот од учебната година!“
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
— A јас ќе потврда дека го познавам од затворот, та ќе се уреди сета работа, а?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Органицистичкиот уметник ова не го разбира, бидејќи него проникливоста, мистеријата, естетиката, уредувањето не го интересираат - за него сѐ веќе е уредено по крвта, тлото и по неговата хомогенизирана мисла.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
А во дождливо време и во зимата сликаше во една од собите во куќата која ја имаше уредено како ателје и каде што ги развиваше филмовите и ги изработуваше сликите.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Повеќе