утопија (ж.)
Можеби токму во оваа смисла треба да се протолкува специфичноста и осаменоста на македонскиот историски простор кој со сета своја историска густина како да е предодреден - за утопија.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Го барав и чистилиштето сакав душата да ја исчистам и да ја издигнам до некој рај, некоја среќна земја, некоја утопија каде што владее хармонија, единство на човекот со човек, единство на човекот со просторот кој го опкружува и љубовта која го исполнува.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Сите филмови што сега, разлигавен, во главата ги правиш за мирно трето доба, со сите театри и опери кои сакаш да ги посетиш и да ги видиш и чуеш, сите книги што сакаш да ги читаш во двојка или, барем, како школска лектира да ги обработуваш со неа, затоа што таа те разбира најубаво и, додека молчиш, таа ја слуша твојата тишина и кроце пушта рака на твоето колено, кое потскокнува од тоа што нервите ти се отидени бестрага, се утопија, се разбира (тоа филмовите).
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Заедничката верба во еден братски Балкан, која за сите беше утопија, ги храбреше да истраат во насочување на нивниот идеализам за разбирање на homo balcanicus во сите времиња.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Како последица на претходново, настана ситуација речиси рамна на утопија.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Цела Европа ќе работи во конзерва, но прашањето останува: не требаше ли да претпочитаме извесна доза на мрзливост, поврзана со доброволното служење, некаков безволен и апатичен етос, наспроти нашата пресилена утопија на оперативноста?
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Како што вели самиот наслов, оваа книжевност не е ни фантастика во класичната смисла на зборот, ниту пак футурска (анти)утопија.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Уште повеќе, таа е утопија лишена од темел.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Фантазијата е на власт, како и посветувањето и интелигенцијата, и ние токму сега го доживуваме, или во блиска иднина ќе го доживееме, совршенството на општественото: сѐ е достигнато, небото на утопијата се спуштило на земја и она што некогаш изгледало како сјајна перспектива, сега делува како катастрофа во фокусот на некое временско сочиво што го успорува темпото.“
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
А на психоаналитичарите им е добро познато дека грандиозните фантазии за општествена утопија, кои на себе својствен начин изразуваат една имплицитна колебливост во соочувањето со стварноста таква каква што е, претставуваат компензација на болните неисполнети нарцисоидни очекувања.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Засекогаш Секој поминат ден без тебе е еднаков на „Утопија“. Замислен идеал, што не постои.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Балканството останува утопија, но секој во животот треба да го направи својот чекор кон можниот излез.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој е чиста спротивност на глупавите хедонистички утопии што ги замислуваа старите реформатори.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Беше обземен од дилемата на својот живот: како да најде излез од кругот на утопијата, југословенската комунистичка утопија, која дотогаш убаво функционираше и му го осмислуваше животот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Денешното искуство, коешто може да се сумира во зборот Босна, нѐ става лице в лице со стварноста на таа утопија.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Се гледа јасно како едното
се распарува, чуден распар
и полутката е далечен сон пред него
па табу
па таен копнеж
па опседнатост
па нова причина за преселби
пуста желба, утопија
се топи во свеста
како грутка шербет
слатка смрт !
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Знам, се ближи денот на глорификација... Живеам во утопија.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Знаеше за многу утопии, од верски, од социјален, од политички и од секаков друг вид кои не успеаја во Западна Европа.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Тој во истиот тон продолжи: Југославија е чудесно измислена утопија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Татко беше свесен дека потрагата по чистите јазици е облик на утопија која брзо се судира со природноста на еволуцијата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)