холограм (м.)
Неговите дела се нарекувани „холограмски” или „фрактални”, што значи дека секој параграф може да содржи во себе компресирани секвенци што се откриваат и рециклираат во подоцнежните верзии.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Вилијам Бароуз е еден од тројцата литературни великани на 20-тиот век, кои го разбија, растворија, трансформираа и дигитализираа англискиот јазик; го насочија и стробоскопираа во холограмски слики на дваесеттиот век.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Новите технологии, да речеме, просто го вшмукуваат тоа романтично атрофирано телце на „старата уметност“ и ѝ шприцаат такви дози на „виртуелност“ што секој момент очекуваме од масата на Франкенштајн да стане некаков тоталитарен холограмски бог и да заведе ред.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Допирот во процесот на осознавање почесто делува во соработка со другите сетила, пред сѐ видот, затоа т.н. хаптично осознавање на тродимензионалноста е можно дури и при симулација на виртуелни тела, какви што се холограмите.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Но, зошто сме всушност сомничави кон тие синтетички слики, тонови и холограми?
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Зошто тогаш сме сомничави спрема тие синтетички слики, тонови и холограми?
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)