хранителка ж.

хранителка (ж.)

Кругот е завршен – црномурестиот витез со жолтата наметка поаѓа кон Градот, а идната хранителка на змиското семе копнежот незадржливо ја води од Градот, кон прегратката на блискиот незнаенец.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Големата шума, од првото разлистување хранителка на срните и волците, го проголтала коњот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Гладно време. Козата – хранителка. Е, затоа што ја сокрил козичката - хранителка, тој станал народен непријател.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Неопходната синтеза на земските хранителки (козите и козарот Чанга) и интелектуалното присуство (таткото) е цврсто поставено.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А јас верувам дека главната идеја што се ослободува од оваа книга е: „Да ги сакаме козите, да ги спасиме нашите кози, нашите пријателки, нашите хранителки”.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)