царува несв.
царување ср.

царува (несв.)

Уништи ја Господе нивната бесрамност измери ги нивните гревови тешки царуваат подлеци со својата глупост доблесните страдаат од нивните грешки
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
III Или пак елате Објалџии опинчари рибари Брсјаци Мијаци Елате По сите ориди и по сите преспи Да тргнеме Да се изброиме Малку ли сме Многу ли сме Ќе правиме царство Да видиме колку векови ќе царуваме Кој ќе ни биде цар Кој Бог И шпиун кој ќе ни биде, Елате Да се изброиме!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Прилеп - то е име славно, тамо е живејал некога си крал ни Марко, в него е царувал.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Во пејзажот царуваше некаква сина тишина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Водите беа кристално бистри, не толку длабоки, и го покажуваа езерското билно царство со преливите на невидени бои во кои царуваше синилото и зеленилото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кругови во водата, кружници низ времето се допираат со погледот на немоќта која царува како цар без царство, како љубов без љубовници.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Славата негова царува насекаде во секоја нишка, во секој здив и одблесокот му е мал.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Насекаде царувала сината тишина. Манастирот бил вгнезден на самиот брег од морето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Е царувал, е војувал с Власи, Каравласи, б'лгарска е бранил земља, роду си помагал.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Царуваше во библиотеката тишината од татковите книги, тишина која содржеше повеќе вистини.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Природата го закорени за најголемиот парадокс крај Езерото: во природата царуваше вечниот, единствен континуитет во животот, а историјата на семејството, на луѓето околу Езерото се одвиваше во најголемиот и најневозможен дисконтинуитет.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Водата тивко истекуваше од Езерото. Царуваше чудесен спокој на самиот извор на денот, на светлината.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
На трагата на религиозното чувство Кроткиот тон во кој веруваме, и потрагата по вистинитоста која ја надраснува и самата стварност, нѐ внесуваат во еден ексклузивен раскажувачки свет во кој царува онаа старовремската побожност која со векови била стожер на нашето битие.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во часот таа е насекаде, проклет да бидам, нејзиниот глас над сѐ наоколу царува.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И сега: Низ Гехиномскиот отвор на градските ѕидишта продира ветар со топол, пеколен здив и непопречен од ништо навлегува во градот носејќи зажарен пустински песок што го фрла на сите страни и ги опсипува тесните улици некогаш полни со детски гласови и човечки џагор, сипејќи по куќите што сега ги населува пустош, по палатите во кои царува тишината и храмовите во кои песочни псалми виуличаво испева ветрот, татко на празнината, брат на исчезнувањето, двојник на гибелот...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога се искачуваше по вишината височината одејќи кон куќата каде што беше закажана средбата, чувствуваше како од Мраморното Море тивкиот ветер ја носеше миризбата на мимозите кои царуваа на островот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Работниците не попуштија, режимот реши да попушти, ама привремено, додека ги залаже работниците, и реши да ги прими сосе козите, се разбира плашејќи се и од гладот кој веќе царуваше во градот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во вакви пригоди, или царуваше тишината или започнуваше одамна премолчуван разговор, со доволно напластени значења, за разврска, во свеста на обајцата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Подоцна сѐ се стишуваше, царуваа големите магли...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Може да се укаже и на несомнената сличност на „Настан“ со „Јонич“ на Антон Чехов: овде исто така царува не толку географски, колку духовен провинцијализам.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Повеќе