црквичка (ж.)
Свеченоста на морето И кој ќе наминеше тука ги допираше урнатините од црквичката меѓу кои сѐ уште светкаа честички од неговите молитви.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Црквичката која се наоѓаше до езерцето не беше обична.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Природно, ги имаше и пред говорничката плоштатка на старата црквичка: Се втурнаа меѓу луѓето што го слушаа старчето и само се појавија толку колку за да ги забележи говорникот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Совладувајќи ги сивите планински масиви, со бели црквички на врвовите како орелски гнезда.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
6 Во окото на камерата се сместени крајбрежните трски, мирнотијата на водата, мноштвото јата од разновидни птици, островот Свети Ахиљ и ѕидовите на големата, некогаш прекрасна катедрала во која се молел царот Самуил и неговите воини, високите езерски камени бели брегови во кои сѐ уште се сочувани пештерските црквички и келиите на калуѓерите- испосници и иконата на Света Богорица насликана на карпа сто метри над езерската вода.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Мајка му на Димка се искашла и бришејќи го испотеното чело со црвена крпа богомолски зареди: - Жени, за дигање на црквичка што ни ја наречува мајката божја да придадеме по некоја паричка. Еве јас прва.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Додека некои од војниците, по заповед на садриазамот, ги ограбуваа куќите и со јатаган ја ловеа живината, тој, садриазамот, и другите високи военодостојници, исцуцулени во седлата на коњите, стоеја на плоштатката пред црквичката и беа силно завлечени и учудени од идиличноста на местото.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
ВО ЕДНО неделно мајско попладне кога сиот Париз беше огреан во сонце, и кога по Сена се влечеа хидроглисери, начичкани со патници и туристи, на кружни патувања околу Париз, и кога на ѕидиштата на оваа голема и прочуена париска река на самиот дофат на „Нотр Дам“, имаше најмногу продавачи на стари книги, геграфски карти, уметнички репродукции, пред една пристара црквичка на „Сен Мишел“, токму во овие кривулести и тесни стари париски улички, кои тоа попладне беа преполнети со шетачи и туристи, вниманието ми го привлече една поголема група млади луѓе собрани пред црквата.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Црквичка да соѕидаме, душичкиве да ги откупиме.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
За него старите велеа дека било остаток од некогашната црквичка, божем чадот бил направен од свеќите што ги палеле во црквичката предците на денешниве жители на Потковицата, а боите остатоци од фреските насликани во неа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Овој податок укажува на тоа дека црквичката во Дупка веќе уште тогаш, во тие одамнешни времиња, загубила на своето значење.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Згрутчена околу црквичка, над чија врата беше насликан Свети Никола, населбата изгледаше сосема напуштена.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во близината имало стари гробишта и мала црквичка.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Чичко Адам ѝ ги дигнал парите што ги збираа за црквичка.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)