четвртина ж.

четвртина (ж.)

Животот на татко ми на Балканот се поклопуваше точно со три четвртини од дваесеттиот век.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тие колца во разни времиња беа со разни имиња бојадисани, додека во 4-та четвртина на XIX век боите не фатија да се ставаат една врз друга и не се парализираа една со друга.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Досега може не е исполнета ни половината, ни четвртината од целиот план изработен од комитетот и неговиот Главен штаб.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нивната безгрижност се косеше со строгиот закон кој ѝ се додворуваше на Европската Унија толерирајќи ги само оригиналите, кои чинеа четвртина од просечната плата на македонскиот работник.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Бидејќи немаше доволно пченично брашно, мајка ми го месеше лебот со една четвртина компири.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Барем една четвртина од стаклата на прозорците во улицата беа искршени и заменети со картони.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во телефонските линии се мешаше звукот на сирената за воздушна тревога со името на козметичката дребулија што треба да ѝ се прати, козметиката е страшно скапа, една крема за лице е четвртина од мојата пензија, зборуваше мајка ми и плачеше малку од страв, малку од пониженост, малку од возбуденост.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сендвичите со плескавици беа од чисто мелено месо, првокласно, и ги служеа со салата од зелка, пржени компирчиња и една четвртина кисела краставичка.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Еден кутел е четвртина од еден осмак, педесетина килограми.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
На крајот, мајка му открши три четвртини од чоколадата и му го даде на Винстон, а едната четвртина на сестра му.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А детскиот додаток речиси четвртина од платата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Отпи отприлика околу една четвртина од своето пиво пред да одговори.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„За Неделата на омразата. Околу една четвртина од платата мораше да биде дадена за доброволни прилози, кои беа толку бројни што беше тешко да се запаметат сите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Немаше ни четвртина толку народ на денот кога излезе водата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Под прозорецот, зафаќајќи речиси една четвртина од собата, се наоѓаше огромен кревет на кој сѐ уште имаше душек.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа е градена во последната четвртина на 13-век и затоа претставува најстар објект во Прага во стилот на раната готика.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Мене ми преостануваше да трагам по татковата визија за власта во последната четвртина на XX век кога него повеќе го немаше, а неговите книги го одржуваа неговото присуство во мојата свест... I Пишувам за да отворам дамна затворена врата, за да минам граница.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Првин било така: ако продадеш толку и толку волна, една четвртина даваш на власта.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Онаа, за чија потрага потроши четвртина од животот и беше на дофат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Градителот имаше примено само четвртина од својата плата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Повеќе