јаре (ср.)

Таму го видов првото снесено јајце, првата заклана свиња и првото окозено јаре.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Козарите се чудеа на податокот дека козата од Кавказ може да роди две јариња.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога се сврте зад себе го најде она свое јаренце исправено на високите, тенки ножиња, скаменето, како споменик на убавината и на невиноста на дивиот свет, несфатливо далечно од него и залушано кон таа ведра ноќ, целото потонато во одбирањето на сите нејзини шумови, настрхнато на нејзината белина, а во неговата стојка како да беше собрана и сета белина и сиот раскош и му ги носеше и во таа малечка собичка, во тој малечок заграб од белото пространство на дивината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јаренцето дури сега престана со своето палаво поигрување околу него, со онаа свое скокаркање во неговите нозе, со кое го прогонеше сето време.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Некои велеа дека од неа стравувале и козите и јарињата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Мечката уште веднаш го имаше исфрлено од себе неговото јарче и стоеше свртена кон него, а по сртовите се расцепи еден таков див вресок, од чијашто болка чиниш и дрвјата здола го истресоа тешкиот окит.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Токму кога булукот го напушташе дворот јарето врекна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Еднаш тој сепак го спушти јаренцето и се оддели себеси од него и со вратата од пиланата, што ја затвори добро зад себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ни ги дадовте и јарињата и јагнињата. Власта тоа не ви го заборава.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Беше тоа едно многу добро, многу младо и многу пргаво јарче, ги имаше сите убавини на својот род и човек можеше само да го сака и да му се љубува на тоа како изгледаше, како порастено на оној врв, а и на сите негови инстинкти, но во следниот миг беше веќе доцна за сѐ друго, што можеше да се обиде да стори тоа со своите итри нозе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Велат дека сојките некогаш блекаат ко јагне, некогаш мекаат ко јаре, а некогаш свират исто ко со човечка уста.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Постоеше пак една далечина, стоеше неначната и една исплашеност во тие околчави итри очи, јаренцето дури и истрча и се затскри зад сандакот со храната, но тој и сега можеше да го гледа опавчето, што продолжуваше да поигрува одвреме навреме и таму.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во расказот се зборува за средбата со нечистите сили симболизирани со заумни свадби, уплашени коњи и ѓаволски јариња.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Вреска ко јаре и го собира лицето, ја брчка лигавата кожичка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Одеднаш јарето исчезна, чиниш се стопи во мракот и темнина стана, стана слана на калдрмата...
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тоа траеше сѐ дури мечката не се доближи до неговото јарче, онаква распафтана и несмасна, а после и сѐ додека не зеде, пред негови очи, да го расчеречува со своите несмасни шепи неговиот лов и неговата среќа, тука, веднаш пред него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јаренцето отстапи само за миг.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зошто да бидам како скитник крај стадата околу твоите другари?, а наместо него, одговара Хорот: Ако не го знаеш тоа, о, најубава меѓу жените, тогаш оди си по овците свои и паси ги јарињата покрај пастирските шатори.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Се присети кога сокриена во плевната го гушкаше јаренцето бришејќи ги своите и неговите солзи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Стоеше сега таа на повеќе од двесте метра од него, со неговото јарче во своите нозе, сета двоумење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе