ќош м.
ќоше ср.

ќош (м.)

Клупите беа раздробени и испреметкани по ќошињата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А научив и по тоа што на тој ден дома беше вистинска збркотница: уште во рани зори стануваше мајка ми, нѐ будеше сестра ми, мене, дедо ми и почнуваше она што севезден го проколнував: ги тресевме постелите, ја менуваме сламата од сламарниците, се пентаревме на столови и со метла мавтавме по ќошињата кинејќи ја пајажината, роневме пченка и толчевме исушени пиперки, ги вадевме добичињата да се топлат на сонце во дворот, трчавме по кокошките за да ја фатиме онаа што носеше јајца во туѓа плевна и на која дедо ми уште одвечер ќе ѝ донесеше пресуда зборувајќи дека такви лиоти не би требало да се држат дома.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Машината веднаш ја стави кутијата цигари на послужавникот, заедно со кибритот, тој ја скина црвената лента од целофанот на горниот дел, го отвори едниот ќош од опаковката и извади една цигара.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Зениците на малиот крадец се раширија уште повеќе; престанувајќи полека да бидат слепи, тие ги одлепуваа предметите од мракот сѐ додека не се задржаа на големата и таинствена каса на ќошот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Со раце ја исфрлува земјата од дното на ровот и во тој миг во ќошот забележа врапче.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Потајно верував дека на иконата во ќошот на нашата спална не е светецот Никола туку чичко ми премаскиран во светец и со залепена брада.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во ќошињата на тремовите и во некои напуштени куќи, во одаите со искршени прозорци, веќе почнуваа да ги градат своите гнезда.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Италијанецот слушајќи го игуменот, одвреме навреме се вртеше зад себе и се загледуваше кон ќошињата од црквата: забележуваше како некоја човечка прилика се прикрадува зад нив и ги следи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Соседот исто почна да кашла и да шепоти за да се приближи во левиот ќош.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ама и водарките пуштија чекор и таман на ќошот од Влашкиот ан — среќа!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Има купено кофи“, рече од ќошот Џорџ Шумка. Јас навистина имав купено пет кофи, готови сосе ортоми, за во потребниот момент, веднаш луѓето да можат да се послужат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И веднаш потоа целата просторија го фати ритамот на таа усвитена врвца на пилата, на нејзината судреност со дебелата сурова дрвена маса, понесувајќи го во него и последното зрнце пилотина, запнато за пајаџинките во горните ќошеви.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во левиот ќош мала печка а на другата страна има дрвено креветче. Струја нема. Светиме со ламба.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Во тоа време девојките во ќошот на другиот кат ја прегрнуваа другарка си Анѓа, се бакнуваа и исплакуваа, радувајќи се за нејзината слобода, засипувајќи ја со разни неврзани прашања.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во ќошот наместив едно мало фонтанче кое скоро си го купив.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Уште кога татко му рече дека бегот тропа, тој се наежи, но присуството на сите домашни, особено на мајка му, го закова во ќошот до ноќвите и само стоеше и слушаше што ќе сака сега овој „пес" во невреме кај нив.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги внесе врзмите во племната и ја скри торбата во ланската слама, но му се виде несигурно, та преку ноќта зеде копачка и една латвица, та, потемница, ги претури од торбата во латвицата и ја закопа длабоко во истиот ќош. Не заборави да задржи и кладе во ќесето десетина парчиња.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во ќошот се собрал мажот од кумата: се тресе, едниот лист од гората станал.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во олтарот зафрлена во ќошот, ’рѓа ја гризе крштелницата и иконите ги јаде црвот...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тој некако неодредено погледна кон ќошот; потоа без колебање ја допи чашката и полека стана.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе