Преспа (име.)

ЖЕНА Се бара жена Невина и чесна А да не е од мала Преспа
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Во Перт има еден Преспанец кој како и сите добри домаќини си направил куќа чардаклија за од чардак севезден да ги пули ѕвездите како низ трепети му испраќаат ишарети од родниот крај што само тој ги разбира.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Сѐ уште не му згасна прашањето кога тие толку брзо успеаја да стигнат во седиштето во Преспа?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Таа нова престолнина не е далеку од старите: Преспа и Прилеп и од седиштето на до неодамна автокефалниот охридски архиепископ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Често бидува Преспанецот да потпевне на чардакот некоја стара и мераклиска - не мора да е баш преспанска ама секако да е натопена со роднокрајна тага: од кога е ставена чатијата на куќата Преспанецот си ја есапи песната за барјак развеан на чардакот а самиот во себе си вели дека е барјактар не да речеш за фалби или за нешто друго, ами отшто секој барјак си има и свој барјактар.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Местото се вика Превалот и нужно тера да застанеш и да погледнеш долу каде во прстенот на околните планини се легнати двете преспански езера.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Противникот ги премести артилериските батерии на нови позиции, поблизу до Преспа и отвори оган по патеките по кои врват отстапниците и бегаат во Албанија.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мажи и жени и по некоја уште нестасана девојка ги собираа и ноќе пренесуваа оружје од магазините во Преспа до планините на Грамос.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И карваните со сѐ побогати и пораскошни дарови, непрекинато ја искачуваат петринската планина и се спуштаа во благото преспанско поле...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Потоа, пролетта 1948 година, беше март и сите планини околу Преспанското Езеро беа под снег, нѐ собраа и нас, околу четиристотини и педесет деца на возраст од две до четиринаесет години.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Си рековме дека ако одиме по железничката линија, ќе стасаме во Битола, а таму ќе се распрашаме кој пат води за Преспа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Преспанци истрпнаа во ужас.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сиот вилает, сиот Балкан, станувал сѐ повеќе прогонета волчица скучна од сомневања дури и кон својот род и пород, бил скаменето животно со душа благословувана само од пеколот - се раѓа на камен, живее на камен, ги лекува раните на камен да биде еднаш живот или вечна смрт; лежат кратовските кули на беговите врз прастар вулкански кратер и лежи на ист таков кратер Лесново со својот манастир, истината лава се купите и излеаноста над Мрежичко под Кожув, над Добро Поле под сенката на кајмакчаланските облаци и на Стара Чука кај Стојаково во Гевгелиско, во преспанските води се огледува со тага варовитата Галичица, Крушово е камен на камен; бегале пред исламски зулуми Мијаците од Дебар, оние од Река и Власите од подалеку и кревале своја крепост, се криеле во ниски врби на смирени варовници и по прнари Брсјаците, но и едните и другите, и исто толку и многу повеќе господарите, ги секле шумите, се градело, се горело, им се носел лисник на козите, потоа од планините се урнувале порои скрка и ги покривале неговите житници, на тој лом да се множат жолтогрлени гуштери и црни скакулци со тешки утроби - се шират степски и пустински површини, земјата уште само со прнар се закитува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За време на граѓанската Понтјите беа пребегнати во Лерин, а во нивните куќи беа се сместиле членовите на таканаречената привремена демократска влада на Грција, која беше формирана во декември 1947 во преспанското село Асамати што се наоѓа во Република Македонија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А кога станавме да си одиме, фатени во колената, сонцето се спушташе од Пелистер кон Преспа, затворајќи ни го патот за назад, спуштајќи ни ја ноќта за отстапница.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
По потекло од областа Преспа, во Македонија, делото ги трогна одблизу.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Околу Езерото на Преспа - така го нарекле во тие дамнешни времиња - имало доста плодна земја за бавчи и нивчиња.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Таму - тивко си линееше од тага и болка по убавата преспанка...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
ПЕЛИСТЕР (2601 м), највисок врв на планината Баба - која се протега помеѓу Преспанското езеро и Битолското поле; тој е најдоминантен врв во овој дел на Република Македонија, од каде се простира широк и прекрасен панорамски видик.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Патот е прав како стрела и тера по средината на рамницата легната меѓу двете преспански езера.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Повеќе