изгрев (м.)
Зраците на изгревот удираа во неа и трептежот на нејзиниот полн сјај продираше во собата меко и пријатно.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Од изгревот до заодот денот чмаеше под сенката на авионите.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Поезијата го следи човека на планетата Земја уште од самиот изгрев на неговиот живот, запрашан за неговата мистерија и неизвесност.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
А видов со свои очи, на лице место
- иконописите се темни
таму кајшто денот е светол и долг
таму кајшто изгревот е ран и болскотен
токму како оној над Босфор!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Во далечината пробиваа првите црвени зраци на изгревот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
ТРЕВА Семето го фрлив со силни зафати на широко од изгревот кон залезот и земјата се посла со жолтите зрна како трпеза од брашно оросена.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Некои од мажите се исплашиле од многувлакнестата сенка од која кокошките по дрвјата се споулавувале, некои посилни од ужасот на врколачките ноќи пак оделе да шопаат крај оградите или зад нив враќајќи се дома со искокорени очи дури пред изгревите; потоа се нашле двајца или тројца антихристи и го намердале врколакот, го соблекле и со стапови го потерале кон пештерите во кои обработувале камен ...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Свеќата на изгревот догорува На сртот играат кентаури И јас веќе се врзувам За соѕвездието на плодот Што некој ми го ставил в рака.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Го проколнуваа изгревот и заодот на сонцето.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Полунаведнат виде како пред неговите очи, во изгревот на сонцето, болска штикот на противникот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
На тој изгрев многупати и без збор во мислата сме му се молеле, ако не повеќе тогаш барем за миг заборавајќи ги тегобите и неизвесностите што ги носи денот а со тоа и сеќавањето за она што било.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
- Сега ќе го гледаме изгревот на соцето – рече таа подзаспана во гласот, се издига од под покривката почна да се соблекува потопло за надвор.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Битката ќе трае до изгревот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Сѐ ми е зацрвенето, како изгрев од магличава шумичка.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Таа убавина на глетката на изгревот, успеа да ме извади од сета моја огорченост од системот.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Толку е блиску тоа како млекото на лулката на несвенатата на глината на одрината на бреговите на светлоста Огрева таа и темнината од рамената од морните ја истава Во јасен час ги врзува со стреата со татковата кон изгревот загледана кон огништето на сонуваното време надежите пробудени што ги прибира во зимата на долгата ноќ
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Зора е пред изгрев на сонцето. Петли пеат.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Одовде се слушаат со восхит
смерните и речити сончеви беседи
при изгревот и залезот.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
И повторно пак тебе те гледам, Месечино и изгреву мој на исток, златна косо, насмевке милиони вредна, бесценета среќо во градот никогаш разбуден.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Тропаа пополека или во налети по покривите од куќите, му отвораа поткожни дупки на езерото, ја раскашавија земјата, ја скиселија: замириса на комина, на гнилеж, на лигави кожи; го заборавија луѓето сонцето како изгледа, изгревот, залезот: темен почнуваше денот, темен звршуваше.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)