потчинет (прид.)

Славењето на колективниот идентитет го компензира војничкиот пораз и срамната потчинетост што тој ја донесе.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Нации и империи се формираат во името на потчинетиот народ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А мудра помиреност не е исто што и понизна потчинетост.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сарафовиот комитет им давал повод на многумина што биле убедени во потчинетоста на Врховниот комитет кон дворецот и бугарската влада да тврдат дека зад Сарафов и неговите пријатели стојат бугарските штикови и дека револуцијата што се подготвува во Македонија е управувана божем од Софија и ќе започне со знак даден од кнезот Фердинанд и неговата влада.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Можеби Големиот Брат едноставно се ослободил од еден премногу популарен потчинет чиновник.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мислам на она здраво сомнение што ќе ни помогне во нашето настојување да не се престориме нејзин потчинет слуга!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Бахтијар остана замајан од неуспехот. Ги испцу своите бимбашии, јузбашии, милазими и други нему потчинети офицери, та место да тргне утредента да ги гони востаниците, тој се зафати со пренесување на ранетите и закопувањето на истепаните двесте души аскер.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Потчинет бедник, слуга на клетник, На величина која не постои.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Овде се проучуваа случаите на мојот чичко, на мојата тетка, на мојот татко, на мојот дедо, на целиот обесправен, потчинет и понижен род.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Само тој со три илјади души кондиса во Маково, давајќи си ги своите наредби на потчинетите бимбашии, јузбашии, чауши, башчауши и други воени лица.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во старата античка цивилизација се следеше хармонијата на природните феномени и божествата беа потчинети на таа човекова потрага, верувајќи во еден вид бесмртност, која заземаше место во меморијата на човештвото.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како секој потчинет и ропски човек, тој беше смртно исплашен за својата бедна иднина.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но, ако робовите знаат дека секој поглед на странец упатен кон нив е поглед како кон потчинет човек, човек без слобода, обесправен човек, ороспиите, пак, никогаш не мислат дека луѓето гледаат на нив како на ороспии.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Навидум, имаа прво: широките стапала со кои самоуверено го грабаше потчинетиот простор, премногу здравата, волчја отпорност на блескавата насмевка, малите, цврсти гради што во четвртата деценија ѝ стоеја исправени како штотуку распупена девојка, таа мускулеста едрост на целото тело кое на нејзините платна со паганска надмоќ лебдееше над урнатините на згаснатите светилишта, пламените кадрици со по некое седаво влакно, што се извиваа околу лицето како змиолики фалуси – имаше невообичајан „машка“ сила за една пост-симболистичка сликарка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Не би можел да биде толку остар, пресметлив, немилосрден со потчинетите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Марија душо - ѝ се обрати Клер на својата хиерархиски потчинета колешка - овде во фактурата пристигната од училиштата, цената на ужинките е значително покачена од минатиот месец.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тие биле „сејачи на шовинизмот на ропската потчинетост, каде што младото поколение се труе и расцепува на бесно - непријателски шовинистички лагери... каде што се сее уважение кон оние котила на развратот, бескарактерноста и заблудата - Орта-ќои (Егзархијата - б.м.) и Фенер (Патријаршијата - б.м.)“; каде што се вдахнувало почит кон историските и филолошките „права“ на Бугарите, Грците, Србите и Романците; каде што се спроведувала љубов кон владата што не задушува и синовска преданост кон султанот „нашиот цар-татко“
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Интелектуалците денес се, навистина, високостилизирани спикери со „обредни знаци на потчинетост“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тој знае дека и силните во сѐ им се рамни на потчинетите.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Впрочем, и не беше неоправдано на потчинетите да им се обраќаме со јазик што не го разбираат јазик без ’рскавица без срце, без папок при секакви прилики што ја земавме истата нула истиот обрач го растегавме како сува кора на стварноста и додека пукаше, секогаш рапаво се грозевме и едните и другите: народот, од што беше чувствителен ние, од што нè обземаше страв и претерана волја да биде по наше.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Повеќе