почест (ж.)

Уште го држеше високиот морал од почестите што му беа укажани од француските доброволни шпански борци.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Построена на полјанката пред логорот, околу висок јарбол, бригадата му оддаваше почест на знамето се развеа понесено од лесниот утрински ветрец.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Но почеста спрема новиот член ја спречи Васе: - Гледајте! - свика издолжувајќи ја раката кон брегот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се говореше, но тоа беа само гласини за кои во ниедна книга потврда верна не можеше да се најде, дека тој запис е во некаква врска со поетот и царот мудар Јудејски, Соломон, за кого и Писмото Свето говори со слава и почест.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тарифите за свадбените почести се следниве: Бакнување рака од страна на невестата - 50 евра.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тоа се случило во последната година на деветнаесеттиот век, пред Велигден на седум или осум дни, еден наспроти друг стоеле крај жолта чеза со спрегната кобила и со бело ждребе - црвенокосиот бег куп стврднато нишеста во кожа и облека и попот Зафир Јосков Вртипоп, испотен човекојадец во долга мантија, и се искажувале почести како двајца великани, првиот со имот и власт, вториот со знаење да ја надитрува смртта.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сите останати адети и почести кои не се наведени погоре, можат спонтано да се одржат, со взаемен договор на обете страни, доколку се согласни, земајќи ги во обзир тарифите предвидени за свадбените церемонии.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Треба да се смисли што се случувало откако заминаа, како го нашле, со какви почести го закопале.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Бевме повикани откако Стефан Лествичник, кој во очите на логотетот, по она лажно видение допрва требаше да се искачува по скалилата на славата и почеста, му беше раскажал на управникот дека отец Кирил фрла хула бесчесна врз зборовите и се свртува кон гласовите како кон идоли.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Зимата заминува без почести, како дртава баба.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Тој не нудеше практично ништо, освен општествена почест и доказ за лојалност кон идеалите на режимот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Веднаш се собраа мештаните од Рајчани, го подготвија погребот со сите достојни почести и го погребаа со облеката, со наметката и оружјето негово, на местото каде што погина.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ниту нему му треба вода како вода, велат, ниту црква како црква, ни светица како светица, туку нему му треба, велат некни во дуќанон на Чанета, ние да клекнеме, да му бациме рака, да му оддадеме почест, а тој да стане пратеник.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Последното такво собитие се случи со ќерката на логотетот (за ќерката на царот и за нејзината чудна смрт ви преподадов сѐ верно), која се роди слабоумна сосем, и логотетот само на Писмородецот му го беше доверил воспитанието и стекнувањето со ука нејзино, а овој го прими тоа со голема почест.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И се чу дека кога умрел, се собрале сите епископи и црнорисци, со желба да го испратат со почест и да го погребат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ме пречекаа на самата граница, со почести. Каков реванш на судбината! Се враќав во својата Итака.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Франција која умееше за човештвото да го организира декорот на разрешената историја, беше подготвена, меѓу животот кој згаснуваше и смртта што набргу настапи, на славниот Палестинец да му ги укаже сите посмртни почести!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Особено треба да внимава на начинот според кој ќе се однесува спрема неа, за да не дозволи Марија повторно да ја обземе нејзиниот непресметлив гнев, кој станува сѐ почест и поопасен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Ама, бастунов ми станува сѐ почест придружник, па наместо јас кај моите анами, тие доаѓаат кај мене.“ Се удри по бастунот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И со големи почести го пречекуваа, а уште со поголеми го испраќаа сиромаси селаните.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повеќе