праг (м.)

А сега остана само еден насмеан лик црно урамен над прагот и над столбовите и една голема тага висната од балконот студен мразулец забоден во градите на земјата каде се растура во ништо една прашинка од човек
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Го зел товарот претежок за жена и го донел на плешки до прагот на куќата со еден прозорец и со напукнат оџак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ние си разговаравме седнати на прагот и за цело време низ селото поминуваше војска и се префрлуваше отаде трапот и реката.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Води ме, ајде, ти пат мој прашен, запази спомен од мојот траг, додека живот – поројот страшен – ме врати на роден праг.
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Да не ви се измочал пес на прагот или мачка во обушјето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Милиционерот назадгазум влезе во мракот под скалата каде што имаше врата чии праг беше на повеќе од половина метар над рамништето на ходникот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Мислиш не знам зошто тие го пречекоруваат твојот праг.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тој ја отвора вратата и со десната нога го пречекорува прагот на домата наша. Се крсти пред иконата.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
И за зарек ѝ кажав да тури војца во пајнца и во пајнцата уште три лајчиња и три жарчиња и да измие три прага од куќата со таа вода и со таа вода да му ги измие градињата на детето, и да му тури малку во устето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ако ли пак си играла мајтап со мене, ќе ѝ го поткина вратот со секирата на прагот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од прагот на училиштето та дури до излегување не креваше очи да погледа ни лево ни десно.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На прагот е, велам уште малку ќе истрча и ќе почне да плаче и да гуга.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Прагот на конакот е отворената душа на човекот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Газеа по гнилите прагови, наведнувајќи се повремено за да земат парче одамна фрлена жица, рѓосан шраф или некој друг фрлен и заборавен предмет.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И еднаш најде зад прагот модро плико на кое со молив китнесто беше извезено неговото име.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
XIII Најпосле го чинам пресудниот чекор. Го минувам прагот на Атеистичкиот музеј, единствен од таков вид во светот, следен од зборовите на една белокоса старица: „Да даде Господ да ни живее вечно Партијата!“
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Седнав на прагот пред портата и чекам.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Соба преку црн праг мине, а зад неа модра пчела со топ стара мечка стрела, па мечката в река плива, но ја демне риба дива и ја лапа.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Максим ја отвора вратата, Влези му вели на Васила и додека држејќи ја вратата отворена чека да ги избрише Васил опинците првин од штиците на чардакот потоа и од чергичето пред прагот на одајата, пред него пред Васила во одајата, прерипнувајќи го прагот, влегува Караман.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но не би така... Нашиот учител беше излезен сам на прагот од училиштето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повеќе