прост (прид.)

Читај, само со поголеми прекини за да можеме ние простите - припрости, неписмените, де, да ја сфатиме оваа длабока содржина на длабоки и продуховени мисли на нашите драги од селото Герман...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мрдајќи со задникот и нејзините вештачки силиконски усни успеа да ја шармира простата раја која се навлече на неа као на турска сапуница.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ај мајката, си велам и ги гледам вакви парталави, со нечисти чевли, немиени, небричени, прости... Кај да ги носам таму. Јок ќе направат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Селанка сум, проста. Знам само како се умира од осама, така ли е, а?
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тоа излезе од проста причина што требаше некој настан да се врзе за некоја личност и јас ги зедов оние имиња што ми паднаа во моментот на памет.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тоа не е проста игра на зборови или барање влакно во јајце.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Уште веднаш да ви кажам дека моето враќање во Скопје воопшто не ми донесе утеха, некаков надомест за сѐ она што ме снајде во Битола од проста причина што овде уште помалку имаше некој што можеше и сакаше такво нешто да ми учини.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Организаторската работа не е толку мачна затоа што организаторите често, мислејќи оти нивниот живот е поважен од животот на селаните, ги поставуваа на најмачните работи простите работници или народот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како главно оружје за кочоперење најчесто го користат интелектот (кој претежно е сомнителен) и нивните 300 научени латинизми со кој би изгледале премногу учени и неразбрани пред простата маса.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Властите и партијата имаа јасна стратегија: ако на почетокот ги ликвидираат козите на неколкумина интелектуалци, на предни позиции во јавниот и културниот живот, сигурно подоцна ќе биде полесно со простите козари.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Фидбекот создава сложена динамика во прости системи.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Или да раздели сложени емоции на прости потреби.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Осум години обичен прост војник. никогаш ненајаден и секогаш хранител на вошки.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И пак Претседателот, кој не можеше да го најде оној прост, едноставен потпирач во разговорите со него, оној човечки јазик за неколкуте недоградени павилјони на нивното здружно летувалиште, она дека градежната бригада ги доберуваше последните чкорки дрво, поминато под бичкија, оној толку разбирлив говор за работата, џбонаше нешто наоколу со мислите, рече нешто дури и за пролетаријатот, за авангардата и за местото на работното селанство во сето тоа, сѐ додека не се заплетка во своите високи реченици од весниците.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но дали демократијата е буквално владеење на народот или, пак, тоа означува владеење на неколкумина курнази кои уствари го злоупотребуваат гласот на простиот народ?
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Проста жена, ама мајка ти е не можеш да ја смениш. Таа прва ти дала да јадеш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да, бевме заслепени. Нас, простите селски деца така нѐ научија, така ни го имаа испрано мозокот што во него немаше место за да се роди мисла и мислење...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Подготовката за работа е проста и брза. Вода за миење нема.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сигурно јас уште не можев да знам што значи тој збор, воопшто бев многу прост и неук.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Криминализацијата на дрогите носи големи профити, колку и апсурдно да звучи, старата добра логика со помош на проста математичка операција наречена статистика ќе ни докаже многу лесно дека пазарот на дроги е регулиран токму од оние центри на моќ кои водат цели кампањи за борба против дрогата.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Повеќе