собран прид.
собрание ср.

собран (прид.)

Гледа на толпата луѓе собрани во шумата..
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сета крв на заодот била собрана на нејзините млади усни за чија целивка и ѓаволот куц можел да се откаже од горештината на пеколот и да се пеплоса до врвот на опашот доколку таа би го зела в прегратки. Се потпирала со дланки на колковите и се нишала на нозе гледајќи го со накривена глава.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Еднаш беше ги скарал неколку деца што биле собрани онде на крај селоно под едно дрво јаворово.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Кога се сврте зад себе го најде она свое јаренце исправено на високите, тенки ножиња, скаменето, како споменик на убавината и на невиноста на дивиот свет, несфатливо далечно од него и залушано кон таа ведра ноќ, целото потонато во одбирањето на сите нејзини шумови, настрхнато на нејзината белина, а во неговата стојка како да беше собрана и сета белина и сиот раскош и му ги носеше и во таа малечка собичка, во тој малечок заграб од белото пространство на дивината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се сеќавам на тебе со коса собрана под сивата беретка, се сеќавам на рефлексијата на твоите високи монголски јагодици во излозите на древните дуќанчиња.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Црната книга со собрани туѓи дела излезе во тираж од 500 примерока.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ако се остави собрано на купишта може да се разнесе од кучишта или едноставно од ветар, па зад нив ќе остане грда слика.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
А другите деца настанаа собрани околу нив во круг којшто се изместуваше но борачите натаму наваму, како што се носеа тие.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ја поткревам главата над церадата собрана зад кабината и наѕирам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Цел вагон му е собран во очите и го гледам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Стопаните на Имотот, возрасните, беа собрани на чардакот, гледаше на запад, во сонцето; мажите редеа некакви дрвца, различни фигури, на ишарана табла, а жените везеа на ѓерѓев, додека децата нивни растрчуваа низ дворот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Надвор плискаше дожд и ги миеше камењата а нивната чистота сѐ појасно се покажуваше во бербатната вода, собрана во шеталиштето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Погледот го запре пред рафтот со речниците, во кои беа собрани илјадници различни зборови на многу балкански и други јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Средствата собрани од продажбата на материјалите ќе бидат наменети во добротворни цели, како за реформи, реформирање и расформирање на многумина што ќе бидат фатени таму каде што не припаѓаат, односно како работат на наталитетот со заштита, што е најстрого забрането, или се работат и го потпомагаат наталитетот во општина во која фактички не живеат и не гласаат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Зборовите параа срце на тие што таму собрани беа, а само утехата стои пред кутрата мајка ко стена, болката неа ја скрши.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Така ќе одат со собрано срце, со запрен здив, да го затворат вратничето од ќумбето за да не пушта светлина во собата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сѐ уште собран на клопче, со брада нурната меѓу колената, тој вознемирено ослушнуваше, ноќта надвор се полнеше со тропот од коњи и забрзано трескање на тркала врз гола калдрма.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Стотина верници беа собрани пред гробиштата и присуствуваа на мисата за исчезнатите, за живите, во малата капела која послужи како олтар.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Интересен и необичен свет беше собран тука.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во училишниот двор панично врескаше собраниот добиток.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Повеќе