стоп (изв.)

Саздо го брише ветробранот со ракавот од десната рака; неговата слободна лева рака ја бара палката на која пишува „стоп“ и полека ја повлекува.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Вошките да се уапсат и да се стрелаат. Стоп.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Проститутката уживаше во сопствениот одраз од излогот на стоковната куќа на главната улица, на која само тој ден имаше право да ги сопира несовесните возачи, елегантно кревајќи го знакот „Стоп“ и дувајќи во свирчето, толку меко, речиси нечујно.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Комесарот врзи го и под стража прати го во штабот на полкот. Стоп. Изврши наредба. Стоп.“
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пооди тој автобусот така што пооди и слушам тој агентот свика: „Стоп!“. Претрес и преглед ќе прави.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Стоп, - ја прекина Томо, - оваа серија ја режирав јас и многу добро ја знам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
-Секогаш сум се плашел од случајности. Сѐ е пресметано, до тенкости проучено и, наеднаш, стоп. Слушај, Арсо, за сега не. Да појдеме горе и да размислиме.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Ајде, запнете, уште малку! –Ги бодреше Петар коњите - Полека, стоп! Одморете се!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
ПИСАТЕЛОТ: Стоп. Вие немате веќе збор. Следниот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ниеден не сопреа... ја дигна палката СТОП на еден „сто-кец“. Утредента си купив „Форд Ка“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)