уред (м.)

Веројатно овие атмосферски околности беа причината мудриот научен свет да се определи за свежината што ја нудеше мирната вода на Езерото место да се упати кон салата без разладни уреди.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Да го суредиш! Ене ти го Уредот. Тој е за работници. Што не го носиш таму?
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Камерата беше запакувана во нешто што личеше на телефонски уред од тоа време.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ќелијата беше студена како фрижидер. Неколку клима- уреди насочени кон него дуваа студен воздух.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Во еден од нив, изведен во Лондон 1994-та тој експериментирал со галвански уред за кожни реакции којшто ги засилува електричните реакции на заспаното тело во простор.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој уред ни беше потребен за да го загушиме зуењето на камерата.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
А потоа, речиси во моментот кога зачекори во прозорецот, видов како влезната врата на Уредот се отвора.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Како пример ќе го наведеме разговорот на Елмер Дејвис (претставник на Уредот за воени информации) и Ален Крестон (директор на Уредот за странски јазици) со претставниците на српските и хрватските иселенички групи, одржан на 18 септември 1942.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, доколку испитаникот се обиде да го „прескокне“ спотот еден уред тоа автоматски го регистрира.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Реков: глобално сум упатен во случајов што го снајде нашиов Уред , но имам проблеми во врска со поединостите.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Еден ден поставија прислушни уреди, антени, радари, детектори, рефлектори, наслушувачи, ѕиркачи, чекачи не би ли нашле дира и алира од уривачот, но него никако и никаде да го откријат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Имено, познато е дека во 1915. Duchamp со псевдонимот R. Mutt сигнираше една клозетска школка - типичен продукт на индустријата на санитарни уреди, произведена во фирмата Mutt.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Пред да заминам или почнам да врескам барајќи виновник за пациентското гето, вниманието ми го привлече ситен натпис на вратата од уредот: Лекарска читална.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Вие имате уред за климатизација, зарем не?“ „Да, секако.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Дождот престана. Беше тоа како... како сред филм за лавина, торнадо, ураган, вулканска ерупција... како нешто најнапред да се расипало на уредите за звук, придушувајќи и конечно исклучувајќи ја сета бучава, сите експлозии и громогласни ечења и грмотевици, а тогаш како некој да го истргнал филмот од проекторот и наместо него да ставил дијапозитив со мирен тропски предел, што не се менуваше ниту трепереше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Но, кога во мислите од воздушестата убавици од излогот се вратив во Уредот јас не бев спремен да прифатам дека моите познати со кои секој деб се среќавам наеднаш се престориле привиденија.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)