absorption - онтологија

амортизација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Ублажување на физичко дејство.
Албански: amortizim
Примери:
Хидрауличната амортизација овозможува долготрајно користење на овие машини.

апсорпција повеќе

(едн.) апсорпцијата
Вид збор: Именка, женски род
Впивање, примање во себе.
Албански: absorbim, thithje
Примери:
Апсорпцијата на течноста при овој обид се извршува многу бргу.
Обземеност, целосен занес по некаква дејност или по нешто.
Албански: zhytje, absorbim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ваквото неуморно работење значи целосна апсорпција во дејност што можеби нема да биде профитабилна.