а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

амортизација

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 45932
1. Ублажување на физичко дејство.
Англиски: absorption Албански: amortizim
Примери:
Хидрауличната амортизација овозможува долготрајно користење на овие машини.
2. Постапно намалување на материјалната вредност на предметите при нивно стареење или трошење.
Англиски: deprecation Албански: amortizim
Употреба: Економија
Примери:
Секоја година во завршната пресметка се внесуваат податоци за амортизацијата на целиот инвентар и на објектот.
3. Прогласување на загубени документи за неважечки.
Англиски: invalidation Албански: zhvlerësim
Употреба: Административен термин , Правда
Примери:
Дел од документите од национализацијата биле внесени во амортизација.
Изведенки
1. амортизационен прид.
амортизациониот
2. амортизациски прид.
амортизацискиот