а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

апсорпција

(едн.) апсорпцијата
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 26581
1. Впивање, примање во себе.
Англиски: absorption Албански: absorbim, thithje
Примери:
Апсорпцијата на течноста при овој обид се извршува многу бргу.
Во тенките црева се одвива речиси целосната апсорпција.
2. Обземеност, целосен занес по некаква дејност или по нешто.
Англиски: absorption Албански: zhytje, absorbim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ваквото неуморно работење значи целосна апсорпција во дејност што можеби нема да биде профитабилна.