bank - онтологија

банка повеќе

мн. банки
Вид збор: Именка, женски род
Установа за парично и кредитно работење.
Албански: bankë
Употреба: Економија
Примери:
Парите ги чуваше во нашите банки.
Зграда во која е сместена установата за работа со парични средства на граѓаните и на правните субјекти.
Албански: bankë
Употреба: Архитектура и градба
Вложените пари на сите играчи во едно делење карти при коцкањето.
Употреба: Разговорно

лапа повеќе

мн. лапи
Вид збор: Именка, женски род
Поткопан брег на езеро или река.
Албански: breg, pirg
Употреба: Географија

насип повеќе

мн. насипи
Вид збор: Именка, машки род
Натрупана земја, песок за полнење на некое место.
Албански: pirg

пристан повеќе

мн. пристани
Вид збор: Именка, машки род
Место на река каде што може да се застане.
Албански: vendçlodhje
Употреба: Географија
Примери:
Каменлив пристан.