bull - онтологија

бик повеќе

мн. бикови
Вид збор: Именка, машки род
Нескопено говедо што најчесто служи за приплод.
Албански: dem
Употреба: Зоологија
Примери:
млад бик
Многу силен, јак и отпорен човек.
Албански: dem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ненаситен бик во присуство на жени.

биче повеќе

мн. бичиња
Вид збор: Именка, среден род
Мало од бик.
Примери:
Слабо биче.

була повеќе

мн. були
Вид збор: Именка, женски род
Двостран метален печат на документите, повелбите на владарите и црковните поглавари.
Албански: bull, dekret i kishës katolike
Употреба: Историја
Самиот документ, повелба на владарите и црковните поглавари.
Албански: bull, dekret
Употреба: Историја
Примери:
папска була

ѕевгар повеќе

мн. ѕевгари
Вид збор: Именка, машки род
Пар впрегнати волови, биволи, говеда (за орање).
Албански: buall
Примери:
Орачот впрегна силен ѕевгар.

тура повеќе

мн. тури
Вид збор: Именка, женски род
Султански монограм на монети или некои документи.
Турски: tuğram Албански: monogram sulltani
Употреба: Историја
Примери:
Царската тура.

хрисовул повеќе

мн. хрисовули
Вид збор: Именка, машки род
Средновековна грамота на владетел со златен печат и потпис; златна була.
Употреба: Историја

церга повеќе

цергата
Вид збор: Именка, женски род
ѕевгар
Албански: kular
Употреба: Дијалектен збор