cause - онтологија

внесе повеќе

внесат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика некаква состојба кај некого.
Албански: sjell
Примери:
Вестите внесоа раздвиженост во духовите и живост во разговорите.

доведе повеќе

доведат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика нешто, доведе до некаков настан.
Албански: sjell
Примери:
Силни политички страсти доведоа до остри напади врз комисијата.

извор повеќе

мн. извори
Вид збор: Именка, машки род
Основа, причина за некоја појава.
Примери:
Неработењето е извор на сите несреќи.

кауза повеќе

мн. каузи
Вид збор: Именка, женски род
општ интерес, дело, идеја
Албански: kauzë
Примери:
национална кауза

навлече повеќе

навлечат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика нешто непријатно, лошо.
Албански: shkaktoj, sjell
Примери:
Врати им ги парите да не си навлечеш непријатности.

нанесе повеќе

нанесат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика некому нешто непријатно, лошо.
Албански: shkaktoj
Примери:
Нанесе голема штета.

направи повеќе

направат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика, стори нешто.
Албански: shkak
Примери:
Направи штета.

основа повеќе

мн. основи
Вид збор: Именка, женски род
Причина, повод за нешто, за некаква пресметка, за некакво дејство.
Албански: arsye
Примери:
Немаш основа да се сомневаат во веродостојноста на податоците.

повлече повеќе

повлечат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане причина за нешто, за нечија постапка.
Албански: shkak
Примери:
Љубопитноста го повлече да погледне.

пораѓа повеќе

пораѓаат
Вид збор: Глагол, несвршен
предизвикува, создава
Албански: bëj, shkaktoj, sjell
Употреба: Преносно значење
Примери:
Сето тоа пораѓа сомнеж во мене.

прави повеќе

прават
Вид збор: Глагол, несвршен
Е причина за нешто.
Албански: shkak
Примери:
Прави проблеми.

предизвика повеќе

предизвикаат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане причина или повод за нешто.
Албански: shkak
Примери:
предизвика кавга, предизвика збрка

предизвикувач повеќе

мн. предизвикувачи
Вид збор: Именка, машки род
Тој што предизвикува, причинува нешто.
Албански: sfidues, shakëtar
Примери:
Предизвикувач на болест.

причина повеќе

мн. причини
Вид збор: Именка, женски род
Појава која предизвикува друга како своја природна последица.
Албански: arsye
Примери:
Причината за смртта не е утврдена.

причини повеќе

причинат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика, стане причина за нешто, направи, стори нешто како повод.
Албански: shkakton
Примери:
Поројните дождови им причинија големи штети на посевите.

пробуди повеќе

пробудат
Вид збор: Глагол, свршен
поттикне, предизвика, возбуди
Албански: zgjoj, ngjall
Примери:
Тие зборови кај него пробудија сомнеж.
(се пробуди) се пројави, се покаже
Албански: zgjoj, ngjall
Примери:
Само што го виде за првпат, кај неа се пробуди мајчинското чувство.

произведе повеќе

произведат
Вид збор: Глагол, свршен
предизвика, создаде
Албански: shkaktoj
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Неговото последно дело очекувано произведе силен впечаток кај публиката.

себеп повеќе

Види и: себап (м.)
Вид збор: Именка, машки род
себап
Употреба: Разговорно