основа
мн. основи
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1746
1.
Дел од предмет на кој се крепат другите негови делови.
Англиски:
foundation
Албански:
bazë, themel
Зградата има добра основа.
Слично со:
темел (м.)
2.
Во ткаење - надолжните нишки на кои се става јатокот.
3.
Основна боја на која се ставаат други бои.
Англиски:
primary color
Албански:
ngjyra primare
На бела основа извезе цветови во неколку бои.
4.
Причина, повод за нешто, за некаква пресметка, за некакво дејство.
Примери:
Немаш основа да се сомневаат во веродостојноста на податоците.
Основа за пресметка на данок.
Слично со:
причина (ж.)
5.
Јадро на нешто врз кое се надоградува, се поставува, се развива нешто.
Примери:
Планот е добра основа за понатамошна работа.
Слично со:
јадро (ср.)
6.
Излезни, главни поставки на една наука.
Примери:
Основи на информатиката.
Слично со:
поставка (ж.)
7.
Дел од зборот што обично не се менува на кој се додаваат наставки.
8.
Долната страна на геометриска слика или тело.
Примери:
Основа на триаголник.
Основа на пирамида.
10.
Цртеж, план, хоризонтална проекција на некој објект.
Слично со:
план (м.)
Изрази
Врз основа на - ако се има предвид тоа на кое се упатува, врз кое се темели, се базира нешто.
Положи основа - стави темел, започне, основа нешто.